Прејди на содржината

Панкреас

Од Wikibooks

ПАНКРЕАС е жлезда со ендокрина и егзокрина функција. Учествува во дигестија на храната (излачува дигестивни сокови), а од неа се излачуваат и хормони. Хормоните се секретирани од Лангерхансовите островца на панкреасот во кои што има два вида на секреторни клетки кои меѓусебно се разликуваат бидејќи излачуваат различни хормони (инсулин, глукагон и соматостатин). Двата дела на панкреасот функционираат независно, при атрофија на Лангерхансовите островца од панкреасот не настанува атрофија или пореметување на функцијата на егзокриниот дел од панкреасот. Инсулинот настанува со претворање на проинсулинот во инсулин. Инсулинот од панкреасот се влива во vena porte, а своето дејство го манифестира во црниот дроб. Неговото дејство или полуживот во организмот е кратко, а го разложува ензимот инсулиназа. Дејствува главно врз јаглехидратите, потоа и на мастите и протеините.Овој хормон се смета за хипогликемичар бидејќи го овозможува поминувањето на глукозата од крвта во клетката , со што во истата се обезбедува енергетски материјал, а од друга страна го намалува нивото на шеќерот во крвта. Глукагонот по природа е протеин кој дејствува врз јагленохидратниот метаболизам. За разлика од инсулинот има дијабетогено дејство (хипергликемичар)така што, малку зголемена количина од овој хормон во организмот може да предизвика хипергликемија (зголемено количество на шеќер во крвта). Зголемена секреција на овој хормон може да биде предизвикана од изразен физички напор и гладување.