ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ДОБРОВОЛЦИ

Од Wikibooks
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

По Кумановската битка, македонските доброволни чети, селската милиција и другите вооружени формации се движеле пред претходницата на Првата. српска армија. На тој начин, ги зазеле градовите и селата неколку дена пред да пристигнат српските сили. Така, македонските сили ги ослободиле Велес, Свети Николе, Штип, Кочани и сите села во околиите. Откако претрпеле пораз кај Калиманци и Кочани, неколку илјади турски војници воделе жестока борба со македонските доброволци за да го спречат нивниот пробив од Штип кон Криволак, штитејќи ја комуникацијата Скопје-Велес -Солун. Движејќи се пред српската војска, кај сртот Мукос на Бабуна, дошло до обединување на македонските доброволни чети со кои командувале српските војводи Воин Поповиќ-Вук, Василије Трбиќ и Јован Бабунски. На овие чети им се придружила селската милиција и бројни доброволци од околните места, со што бил создаден силен одред, кој четири дена водел борба со една турска коњаничка бригада и со еден жандармериски баталјон. Покрај тоа, македонските доброволци ја известувале српската војска за распоредот и движењето на турските сили, па на тој начин дале силен придонес во протерувањето на турската војска кон Битола. Во борбата на Мукос и Присад, од македонските доброволци загинале 30 борци, а бројот на ранетите не е познат.

Во некои српски извори придонесот на македонскиот народ како сојузник во Балканските војни аргументирано се истакнува со исказите: Поробените народи на Балканот со своите вооружени акции во рамките на сојузничката војна против Турција значајно придонеле во победата на сојузниците. Најбројно било учеството на македонскиот народ, кој активно учествувал во борбата на страната на сојузниците, длабоко верувајќи дека тоа го прави не за интересите на балканските монархии, туку за своето национално ослободување. Српските, бугарските и грчките историчари смислено го прикривале учеството на македонскиот народ во Балканските војни, неговата воена помош и успеси. За тоа до неодамна воопшто не се пишуваше. Згора на тоа, овие чети ги нарекувале српски, бугарски, односно грчки. Сето тоа со цел да се негира постоењето на индивидуалноста на македонскиот народ, балканските монархии да се претстават како единствени ослободители на Македонија и со тоа да се оправда нејзината поделба, која конечно е завршена по Втората балканска војна помеѓу балканските држави. Поради тоа, за жртвите на македонскиот народ што ги даде во Балканските војни нема целосни податоци.