Прејди на содржината

ПРЕСУДА

Од Wikibooks

ПРЕСУДА

Од името на народот

„Методи Андонов – Ченто, роден и жител на град Прилеп, стар 44 години, син на Андон Мицков и Зока Конева, Македонец, југословенски државјанин, женет, татко на 4 деца, трговец, слабоимотен, во истражен затвор. За тоа дека ги извршил следните кривични дела:

- што не слагајќи се со политиката на Федеративна Народна Република Југославија како внатрешна, така и надворешна, која во негово мнение била противна на интересите на Македонскиот народ, бидејќи неговото обединение не можело да стане во рамките на ФНРЈ, а само под протекторатот на една туѓа држава, решен тоа свое противнародно и противдржавно становиште да го приведе на дело имал намеренија надвор од нашата држава да претприема акции било на конференцијата за мир во Париз, а ако не успее на Мировната конференција, тогај во Грција, по пат на насилие, Народна Република Македонија да се отцепи од рамките на ФНРЈ и да се присоедини кон Егејска Македонија во федерација со Грција. Со оваа дејност обвинетиот Методи Андонов Ченто организирајќи вооружена банда тргнува да бега преку границата, со цел да потстекне страни држави на мешање во внатрешните работи на ФНРЈ, со што би се нанесла штета на независимоста и неповредимоста на нејзината територија. На патот, на 14 јули, 1946 година бива заловен од органите на народната власт.“


23 Ноември 1946