Прејди на содржината

ПОДАРОК ЗА СОСЕДИТЕ

Од Wikibooks

Територијата на Македонија до Балканските војни го претставувала централниот и најзначајниот дел на Балканскиот Полуостров. Таа се граничела на север со Шар Планина, Скопска Црна Гора, Козјак и Рила. Западните граници се протегале преку планините Кораб, Јабланица, Грамос и Пинд, на југ по реката Бистрица до Егејското Море и на исток до сливот на реката Места. Во рамките на овие географски граници, Македонија зафаќала површина од 67.741,2 квадратни километри. Со Букурешкиот мировен договор од 10 август 1913 година, Македонија била поделена на тој начин што најголемиот дел, односно Егејскиот, со површина од 34.356 квадратни километри го добила Грција, Вардарскиот дел со површина од 25.342 квадратни километри го добила Србија, Пиринскиот дел со 6.798 квадратни километри ја добила Бугарија и Албанија добила 1.115 квадратни километри.

Новата бугарско-српска граница започнувала од врвот на Патарица и одела по линијата на старата бугарско-турска граница до Диздарица, потоа одела по вододелницата меѓу Вардар и Струма минувајќи преку Луловиот Врв, кота 1297, Обел, Пољазни, кота 1458, кота 1495, кота 1415, Понорица, Кадиица, кота 1900, кота 1453, Чингино Кале, сртот Клепало, кота 1530, сртот на Малеш Планина (1445), тука свртува на запад кон котите 1515 и 1300, поминува преку сртот Драгнев-даг, Кади Мезар Тепе, Кале Тепе, ја поминува Новичанската Река јужно од село Рајанци, поминува меѓу селата Ословци и Сушево, па преку реката Струмешница меѓу Радичево и Владевци и се качува кон котата 850, а потоа по вододелницата на Вардар и Струма преку котите 957, 571, 750, 895, 850 по сртот на Беласица се спојува со бугарско-грчката граница.

Бугарско-грчката граница започнувала на сртот на Беласица од српско-бугарската граница и минувала северно од Јуруклери, па преку Струма оди на исток на Сенгани Калеси (1500). Оттаму излегува на сртот Али Ботуш (кота 1650) и по вододелницата по котите 1820, 1800, 713 и Страгач. Тука свртува кон североисток и пак по вододелницата меѓу котите 715, 660, кон котите 1150 и 1152, оттука по сртот оди источно од село Ракистен, ја преминува Места и оди кон врвот Руса и Железа, го сече Сеспат и излегува на Чука.

Одовде повторно по вододелницата и преку Сибково, Кадирќој (1750), Авлик-даг (1518) Каин Чал (1811), Дебиклија (1587), слегува на југ кон котата 985 и свртува на исток јужно од селото Карово, оттука пак на исток минува северно од селото Кајбово и се качува на север кон котите 1450, 1538, 1350 и 1845. Потоа слегува на југ преку Чигла (1750) и Кушлар и оди по вододелницата Места и Јаси Еврено-дере, излегува на Аклат-даг (1300), а потоа кон Окчилар, па оттука по реката Места до Егејското Море.

Во согласност со Букурешкиот мировен договор, границите меѓу Србија и Грција во Македонија биле утврдени во Белград на 16 август 1913 година. Граничната линија почнувала од котата 1494 на сртот Беласица, па одела кон котите 394 и 208, потоа минувала преку Дојранското Езеро, во правецот на котата 227, а оттаму кон Мачуково, потоа ја минувала реката Вардар и одела северно од Сеово преку котите 241, 560 по возвишението Тушет Балкани, преку котите 858, 774, 1149, 1929, 2058, 2050, 1673, 1766, 1656 по висот Блатец преку котите 1431, 1201, 1375, 1550, 1058, 1440, 1660, 1700 (по планината Ниџе) преку котата 2525 (Кајмакчалан) на котата 1944, оттука одела на запад по висот Старков Гроб, потоа јужно од селото Кремјан и натаму меѓу Кенали и Негочани минувала преку Рахово и Драгош, потоа преку котите 1980, 2094, 2000 па јужно од селото Долно Дупени минувала преку Преспанското Езеро оставајќи и’ го на Србија островчето Голем Град и излегувала јужно од селото Коњско. Оттука одела по возвишението на Вакуфица преку котата 947, Мал Шат, (кота 1537) па кон врвот Горица. Оттаму одела кон селото Бач, Пешкопеја, па преку котата 1100 до албанската граница.