Ој, ти пиле, славеј пиле

Од Wikibooks
Ој, ти пиле, славеј пиле,
Ја запеј ми една песна.
Ја запеј ми една песна,
Да се чуе надалеку.
Да се чуе надалеку,
На далеку до Велешко.
Од Велешко да Прилепско,
Од Прилепско до Крушевско.
Од Крушевско зад корија,
Зад корија-Мечкин Камен.
Там' се бие славен јунак,
Славен јунак-Питу Гули.
Ој, бре вие Крушевчани,
Што сте толку нажалени.
Со децата распиштени,
Со куќите запалени.

Надворешна врска[уреди]

Музика