Прејди на содржината

Ој, Јано, Јано, убава Јано

Од Wikibooks
Ој, Јано, Јано, убава Јано,
Од едната страна Јано, сонце те грее,
Од другата страна Јано, јасна месечина.
Сиромаси бевме Јано, сега сме зенгини,
Кое фајде Јано мори, оти сме богати,
Кога од срцето Јано, ти порода немаш.
Дали е од мене или е од тебе,
Дали е од бога Јано или е од чинка,
Дали е од тебе Јано или е од мене.
Мене ми е мајка лудо, луто проколнала,
Мајка проколнала, Стојан, клела, говорила.
Ој Јано, Јано, леле мила ќерко,
Лика спроти тебе Јано, друга да не родиш,
Оти ноќе плачеш ќерко, а дење си спиеш,
Ти на мајка, мила Јано, многу причинуеш,
Од срце порода Јано, ти да не си имаш.

Надворешна врска

[уреди]

Музика