Ојде дедо во градина
Изглед
- Ојде дедо во градина
- Во градина кај цвеќина
- Таму најде девојчина
- Та им вели и говори
- Ај кажете девојчина
- Која од вас - ќе ме земи.
- Прва вели и говори
- А бре дедо стари дедо
- Избричи си брадичката
- Подкастри си мустаќите
- Јас бре дедо ќе те земам
- Јас бре дедо - ќе те земам.
- Втора вели и говори
- А бре дедо стари дедо
- Продај си ја кобилата
- Кобилата и колата
- Јас бре дедо ќете земам
- Јас бре дедо - ќе те земам.
- Трета вели и говори
- А бре дедо стари дедо
- Запали си куќичката
- Изгори си бабичката
- Јас бре дедо ќете земам
- Јас бре дедо - ќе те земам.
- Си запали куќичката
- Си изгоре бабичката
- Па се врати кај момите
- А моми ми побегнале
- Почнал дедо да си плачи
- Да си плачи да си реди.
- Стара беше ме крпеше
- Стара беше ми готвеше
- Стара беше ме љубеше
- И, на старост ме топлеше
- И, на старост ме топлеше.