Огрејала еј месечина
Изглед
- Огрејала еј месечина, ој бабо,
- Огрејала еј месечина,
- Во нашето рамно гумно,
- Во нашето рамно гумно,
- Не ми била месечина, ој бабо,
- Не ми била месечина,
- Тук ми биле беќарите,
- Тук ми биле беќарите,
- Беќарите Бапчорските, ој бабо,
- Беќарите Бапчорските,
- Тук светеје ќостеците,
- Тук светеје ќостеците,
- Ќостеците сребрените, ој бабо,
- Ќостеците сребрените,
- Тук тропаје кондурите,
- Тук тропаје кондурите.