Прејди на содржината

Обраќање на обласниот комитет на ОФ до населението во Горноџумајска област

Од Wikibooks

Горна Џумаја, 27 декември 1946 година.


Обраќање на обласниот комитет на ОФ до населението во Горноџумајска област


Од 25.XII оваа година се започна општо попишување на населението во ОФ Бугарија. За прв пат при пописот на населението на Бугарија заедно со другите народности им се признава правото на Македонците да се пишуваат како Македонци. Признавање правото на македонскиот народ на свој национален живот е голема победа на правилната национална политика на Отечествениот фронт и неговата народна влада. На Македонците од Горноџумајска област (Пиринскиот крај) се даваат сите права и слободи да изразат слободно и неприморано својата волја при попишувањето и регистриране нашата националност во однос со сопствените ни разбирања и чувства.

Областниот комитет на ОФ, проведувајќи последователно правилната национална политика на ОФ, смета, дека запишувањето на македонското население од нашата област како македонско е најправилно, што одговара на нашето македонско потекло, на нашите борби за ослободување и обединување на Македонија, како и на натамошното решавање на македонското прашање во интерес на македонскиот народ, во интерес на мирот на Балканот и братското друштво меѓу НР Бугарија и ФНР Југославија.

Нека се знае, дека регистрацијата на населението како македонско сосема не значи спротивставување на Бугарија, како што опозиционери и михајловисти ги воведуваат во заблуда наивните луѓе. Слободниот израз на народната волја е неопходен услов за правилното спроведување на демократската политика на ОФ, којашто еднакво ги третира сите народности во земјава.


Претседател на обласниот комитет - Г.Мадолев

Секретар - Ф.Бучински

Членови :

Ефтим Георгиев

Спас Тантилов

Михал Димитров

Славејко Ангелов

Георги Стаматов

Борис Чавдаров

Вјара Антонова

Цветан Караџов

Веселин Чочев

Димитар Димитров

Иван Лазаров