Низ двори се шета мома Катерина
Изглед
Низ двори се шета мома Катерина е македонска народна песна.
Текст на песната
[уреди]- Низ двори се шета мома Катерина
- Низ двори се шета мома Катерина,
- бело променета како галабица.
- Оф аман, аман како галабица. [x2]
- Ситно кротко оди како еребица [x2]
- Оф аман, аман како еребица. [x2]
- Оздола ми иди едно лудо младо
- сива коња јава, коња разигрува.
- Оф аман, аман и на коња вели: [x2]
- Играј коњу играј, ти да се наиграш
- јас ќе те продавам на мома кадуша.
- Оф аман, аман на мома кадуша. [x2]
- Штом ми го дочула мома Катерина
- и на лудо вели коња не продавај
- Оф аман, аман коња не продавај. [x2]
- Како твојта коња сегде редум има
- како мома Ката нигде редум нема.
- Оф аман, аман нигде редум нема. [x2]