Не се бели Маре мори

Од Wikibooks
Не се бели Маре мори,не се црви
Не се толку Маре дотерувај
Ми се смеат Маре мори комшиите,
Комшиите Маре,еснафите
Во кого си Маре мори погледала
Секому си Маре болест дала
Кому два дни Маре мори,кому три дни,
А на мене Маре три години
Ме направи Маре мори,суво дрво,
Суво дрво Маре,јаворово
Земи оган Мaре мори,запали ме
Запали ме Маре,изгори ме.

Надворешна врска[уреди]

Музика