Неранимајко

Од Wikibooks

6. НЕРАНИМАЈКО

Ова е постојана предаденост на срамни дела и зборови, а неранимајко е ваков некој човек:

Брз е на клетва, рамнодушен према лошо мислење за него и секогаш подготвен за карање.

По своето значење е оној тип на човек кој бессрамно би го поткренал своето палто, и би направил секакво недело. Секако, би танцувал трезен на непристојни танци, и без маска би бил дел од хорот на една комедија.

На настапи на панаѓури, тој е оној кој собира пари од публиката, одејќи од еден до друг гледач, и се кара со оние што имаат слободни влезници, и сакаат да гледаат без да платат.

Би бил добар кафанџија, сводник или цариник. Никој занает не му е одбивен, колку и да е срамен, па може да е и јавен гласник, кувар или коцкар.

Не и помага на мајка си. Го апсат за кражба, и повеќе време минува во затвор отколку во својот дом.

Заправо е еден од оние кои го собираат народот околу себе и признаваат, односно раскажуваат неубави дела со јак и многу висок глас. Некои доаѓаат, некои пак си одат, пред воопшто добро да го дослушаат, некои го слушаат почетокот, некои неколку слога, некои пак целиот дел. Тој е, како и да е, сигурен дека инаку не може да се види нековата пропаднатост, освен кога вака ќе ги собере луѓето.

Може вешто да биде дел од тужби, како туженик или тужител. Од едните ќе се оддели со заклетва, и ќе им се придружи на другите, носејки кутии полни со исправи и извештаи во рацете.

Не го смета за нечесно ни тоа да биде водач на панаѓурските пропалици, па на тие луѓе да им зема пари веднаш, барајќи за една драхма – дваесет и пет насто на ден, да обиколува крчми, рибарници и трговини со суво месо па од каматата од тоа тргување да стави нешто в уста.