Нели ти реков, не оди боса
Изглед
- Нели ти реков,
- Не оди боса.
- Ах, ти Маруше, ти кротко јагне,
- Маруше мори дилбер,
- Ти моја ќе си, пак моја ќе си.
- Не оди боса по таа роса,
- Нели ти реков, не оди сама.
- Ах, ти Маруше, ти кротко јагне,
- Маруше мори дилбер,
- Ти моја ќе си, пак моја ќе си.
- Не оди сама по таа слама,
- Нели ти реков, елај при мене.
- Ах, ти Маруше, ти кротко јагне,
- Маруше мори дилбер,
- Ти моја ќе си, пак моја ќе си.
- Нели ти реков, елај при мене.
- Мама ме дава, тате не ме дава.
- Ах, ти Маруше, ти кротко јагне,
- Маруше мори дилбер,
- Ти моја ќе си, пак моја ќе си.
- Мама ме дава, тате не ме дава.