Нели сторивме вера и клетва
Изглед
- Нели сториме, севдо мори
- вера и клетва
- ни да се мажиш, севдо мори,
- ни да се женам.
- Леле, лепа мори, ни да се женам.
- Ти да ме чекаш, севдо мори,
- До три години,
- Ти не ме чека, севдо мори,
- Ни три недели
- Леле, лепа мори, ни три недели.
- До Солун ојду, севдо мори,
- Абер ми дојде,
- Што се армаса, севдо мори,
- За мојто кумче.
- Леле, лепа мори, за мојто кумче.
- Ме поканае, севдо мори,
- Кум да ве венчам,
- Со кои раци, севдо мори,
- Венци да држам,
- Леле, лепа мори, венци да држам.
- Со уста реку, севдо мори,
- Да се ќердосаш,
- Со срце веља, севдо мори,
- Пак моја да си,
- Леле, лепа мори, пак моја да си.