На срце ми лежи, мила мамо

Од Wikibooks
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
На срце ми лежи, мила мамо,
На срце ми лежи,
  • Ај, на срце ми лежи, мила мамо,
Една лута змија. ×2


Не ми била змија, мила мамо,
Не ми била змија,
  • Ај, не ми била змија, мила мамо,
Туку кара севда. ×2


Севдините очи, мила мамо,
Севдините очи,
  • Ај, Севдините очи, мила мамо,
Црни, черешови. ×2


Севдините веѓи, мила мамо,
Севдините веѓи,
  • Ај, Севдините веѓи, мила мамо,
Морски пијавици. ×2


Севдината снага, мила мамо,
Севдината снага,
  • Ај, Севдината снага, мила мамо,
Тенка половина. ×2

Надворешна врска[уреди]

Музика