На Струга дуќан да имам... – Кочо Рацин
Изглед
- "3анаетот е златен... "
- Народна поговорка
- 1.
- Изгори, - мерак, изгори,
- изгори - пепел се стори!
- Сал не скоривај јадови
- на стари, добри мајстори!
- Времиња тешки дојдова
- уште по тешки прокуди,
- од ден на ден се умира
- и душа бере с години.
- Не пеј песната страдална –
- в гората капат лисjата,
- водите течат - ронат брег
- и влечат млади јасики,
- Чаршиите изумреа,
- дуќаните запустеа –
- пропадна сичко, прокопса
- занает златен - 'рѓоса.
- 2.
- Ние имавме чаршии
- и рој - кошница пазари
- и ред редени маази
- полни, преполни со стока.
- Слегнеш ли долу в чаршиjа,
- минеш ли покраj дуќани –
- пукот и врева - работа
- и алтан полно чекмеџе!
- Сами ковавме кондури
- правевме бочви, мотики,
- с нашите раце маjсторски
- дигнавме бели градови.
- Кој ни ги срина, кој ни ги
- очумаве градовите?
- Кој ни запусте, затвори
- дуќани, куќи високи?
- 3.
- Наквеуер доjди, наквечер,
- наквечер - в прва темница,
- мини го прагот раскапан
- влези во трошна одаја,
- на миндер седни накривен
- со каракамен на гради:
- каде е, каде радоста
- каде е куќа весела?
- Штамата чмае, штамата
- дебнее пуста проклета,
- како ли, боже, чумата
- в косите, сичко стегнала.
- По сокацитe чекорат
- кондури с клинци ковани,
- штамата сечат с ножови
- и пиjат вино румено.
- А в бафчи трендафилите
- слушат ги – со темницата
- шепотот севда без мерак,
- шепотат – златни времиња!
- 4.
- Прикаски си останаа
- старите бочви со вино!
- Прикаски болни, таговни
- грутки во срце снеговни!
- Раскапани, буѓосани
- со обрачи 'рѓосани,
- по темни изби мемливи
- риjат ги црвци смрдливи.
- Никоj не кова, не прави
- старите бочви големи!
- Старите бочви - преполни
- со руіно вино црвено!
- И ноќе - слушаш! - баботат
- по бочвите саjбиите!
- Деца се плашат - бегаат
- сништа за стари времиња...
- 5.
- Банки дигнаа палати
- распнаа мрежи широки,
- банки дигнаа палати
- и кули танки, високи:
- нагоре кула висока
- надолу земjа длабока.
- Од сичко носат кајмакот
- од потта цедат го сокот,
- од сичко носат кајмакот
- маката нам оставаат!
- Банки дигнаа палати,
- банки на нови имами,
- кондури друзи коваат
- с мотики гроб ни копаат –
- паjдоса, златен, 'рѓоса
- нашиот чесен занает!
- 6.
- Aj, на наломи излези
- бело Фиданче писано,
- прошетаj долу в чаршиjа
- кога седам на ќепенцн!
- Ако со око погледнам
- око е - да го ископам,
- ако со рака посигнам
- рака е - да ja исечам.
- Но ако срам ме залиса
- оти сум жив закопан,
- кажи ми, кажи, Фиданче
- кaj да се кpиjaм со лице?
- Majcтop бев и устабаша
- мajcтop бев - станав чираче:
- за борч продадов дуќанот
- за борч продадов алатот –
- с две раци сум, и тијa две
- скапаjа се без работа!
- 7.
- Тешката тага, тeшката,
- тешката тешко засвири!
- Севда е тешка, голема,
- уште по тешка прокуда!
- Наточи вино крваво!
- Наточи на вepеcиja!
- Донеси да ja коваме
- на Крали Марко сабjата!
- В горите лисjа капале –
- в избитe веди м'cкajaт!
- В поле над млади jаганца
- ножеви остри л'скаjат.
- На Струга дуќан да имам
- на ќепенците да седам,
- да видам, само да видам
- и на ќепенкот да умрам!