На Струга дуќан да имам

Од Wikibooks
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Текст[уреди]

На Струга дуќан да имам

Што ми е мило ем драго
На Струга дуќан да имам,
Оф леле, леле, либе ле,
Срцево ми го, џанам, изгоре.
На Струга дуќан да имам,
На ќепенците да седам,
Оф леле, леле, либе ле,
Срцево ми го, џанам, изгоре.
На ќепенците да седам,
Струшките моми да гледам,
Оф леле, леле, либе ле,
Срцево ми го, џанам, изгоре.
Струшките моми да гледам,
Кога ми одат на вода,
Оф леле, леле, либе ле,
Срцево ми го, џанам, изгоре.

Надворешна врска[уреди]

Блог за македонски народни песни

Музика