Мрморко

Од Wikibooks

3. МРМОРКО


Мрморењето е долго и непромислено зборување, а мрморкото е ваков човек:

Кога седи до некој, што воопшто не го ни познава, прво кажува убави зборови за својата жена, потоа полека му раскажува што сонувал вечерта, за на крај да му ги наброи сите јадења што ги имал за ручек.

Потоа, ако нештата одат како што сака, зборува за тоа како денешните деца се многу полоши од некогашните, како на пазарот е падната цената на пченката, како бројот на странци кои доаѓаат пораснал, и како Големите и Мали Диониси повторно се слават. И како земјата би дала подобри плодови кога Зевс би пуштил повеќе дожд. Ако не, тој своето поле ќе го обработи следната година. Да, и животот денес е многу тежок.

Дамип, вели, поставил најголемо огниште кај Мистериите. Колку столбови стварно има Одеј ? Вчера не се чувствував добро. Кој ден е денес ? Мистериите се во Септември, Апатуриите во октомври, Селските Диониси во декември.”

И кој може да го поднесе сето ова, него нема да го остави.