Прејди на содржината

Море кога одев мила мамо

Од Wikibooks
Море кога одев мила мамо
Коњ да појам на кладенец
Море там си најдов мила мамо
Едно лично лудо младо.
Море очите и черешови
Лицето и златно сонце
Ајде учи мајко подучувај
Што да правам да ја земам.
Ајде слушај синко стара мајка
Не лудувај по момето
Ајде момето е посвршено
Во комшии за Ѓорѓија.

Надворешни врски

[уреди]

Музика Блог за македонски народни песни