Мома уф зандана
Изглед
- Дека се чуло џанам видело,
- Мома уф зандани џанам да леже,
- Уф Солунските темни зандани.
- Мома уф зандани џанам да леже,
- Зарде такови му пусти борџуве.
- Станала типла стара в зандане,
- Дали има мома тува да леже.
- Тука сам стара мајко, тува сам,
- Тука сам старе мале, зашто сам.
- Пуста ми коса мале искапа,
- Бело ми лице мајко подимне.
- Продајте стара мајко имајне
- На Турци пари мајко давајте
- Турците пари ќерко не сакат,
- Турците тебе ќерко те сакат.
- Девет години мајко ка лежам,
- И оште девет ќе лежам,
- На Турци вера мајко не давам,
- На Турчин жена мајко не станувам.
Оваа песна е собрана од селото Куфаја, од околината на Солун.