Многу крвја, многу солзи
Изглед
- Многу крвја, многу солзи,
- Земја натопија,
- Многу лисја гора смени,
- Машка снага испи.
- Но по таа борба тешка
- Слобода ни блесна.
- Во илјада деветсто и
- Третата година,
- Се создаде Република,
- Во славно Крушево,
- Македонска Република,
- Прва на Балканот.
- Претседател прв ми беше,
- Тој Никола Карев,
- Со македонските војводи,
- Сите Илинденци.
- Даме Груев, Питу Гули
- И Јане Сандански.
- За слобода загинаа,
- Славните војводи,
- На Македонците они,
- Завет оставија,
- Да се борат за слобода
- За Македонија.