Мариче ле, лично, девојче
Изглед
- Мариче ле, лично, девојче,
- Умирам загин'вам за тебе, оф,
- Аманам, аманам,
- Животот го давам за тебе, оф,
- Аманам, аманам.
- Иди прашај ја ле, мајка ти,
- Дали ќе те даде за мене, оф,
- Аманам, аманам,
- За мене бре сирак-сиромав, оф,
- Аманам, аманам.
- А бре лудо, лудо, ем младо,
- Јас си немам никој од рода, оф,
- Аманам, аманам,
- Сираче сум без мајка и татко, оф,
- Аманам, аманам.
- Ако мислиш ти да ме земиш,
- Сама дома јас ќе ти дојдам, оф,
- Аманам, аманам,
- И со тебе век ќе векуваме, оф,
- Аманам, аманам.