Марика мома убава
Изглед
- Марика мома убава,
- Марика турски трендафил.
- Девет години носена,
- По ергенските џебови.
- Прва година отидов,
- Марика да ја побарам.
- Мајка и рече, млада е,
- Млада е наш'та Марика.
- Втора година отидов,
- Марика да ја побарам.
- Мајка и рече, болна е,
- Болна е наш'та Марика.
- Трета година отидов,
- Марика да ја побарам.
- Мајка и рече, почина,
- Почина наш'та Марика.