Македонија - најголема жртва на Балканските војни

Од Wikibooks
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Најголемиот товар и најбројните жртви во овие војни ги поднесе македонскиот народ.-Борби се водени на целата македонска територија, а сиот наш народ во војните учествувал на различни начини и во разни вооружени формации.-Бескрајните подмолни игри на алчните соседи

Најголемиот товар и најбројните жртви во Балканските војни ги поднел македонскиот народ. На целата македонска територија се воделе борбени дејства и сиот македонски народ на различни начини и во разни вооружени формации учествувал во војните, самостојно или во составот на бугарската, на српската или на грчката војска. Силната пропаганда на соседните држави дека војната против турската војска имала за цел ослободување на христијанското население од петвековното османлиско владеење и големата омраза против султановиот режим, биле силен мотив македонскиот народ со сите сили и средства да се вклучи во таа заедничка војна.

Меѓутоа, по завршувањето на Првата балканска војна, односно по Битолската битка, кога еден полк на српската војска влегол во Охрид, во кој веќе три дена функционирала месната власт воспоставена со помош на македонските чети, при обидот да се воспостави српска власт, остро се спротивставил војводата Петар Чаулев, член на ЦК на ВМРО. Во таа расправија, командантот на српскиот полк се пофалил дека според Српско-бугарската спогодба од 13 март во 1912 година, Македонија е поделена меѓу Србија и Бугарија и според тоа во Охрид треба да се воспостави српска власт.