Македонија – Анте Поповски
Изглед
- Еве ја таа проста земја
- од дволичен камен
- и сонце
- Децата уште незаодени каде откопуваат
- лобањи по градините
- Еве ја таа проста земја
- од пајажина
- и од води
- Мудро слободата кај што ги запишува
- селските имиња
- Место икони по црквите
- И каде летото како судбина
- Трае до последниот востанат
- Еве ја таа проста земја
- од заморено дишење
- и од молк
- Низ која времето одминува
- и пак се враќа
- Со неа да го сподели лажното траење.
- О, еве ја таа проста земја
- од грч
- и од чекање
- Што ги научи и ѕвездите да шепотат на македонски
- А никој не ја знае.