Македонија во билатералните и мултилатералните договори на балканските држави 1861-1913, документ бр.65

Од Wikibooks
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

ЗАПИСНИК од состанокот на воените делегати за членовите од договорот за мир што се однесуваат за воените прашања1, 26 јули/8 август 1913 година


По предлогот на генералот Коанда, на седницата од 26 јули (8 август) 1913 година, воените делегати се состанале по седницата за да ги проценат од техничка гледна точка редактираните членови на договорот за мир што се однесуваат на воени прашања.

Договорено е да биде усвоена редакцијата предложена од генералот Коанда. Утврдени се текстовите на членовите V и IX од проектот на договорот за мир кои што, по одобрувањето од Комисијата за составување на договорот, ќе бидат поднесени на Конференцијата на пленарната седница во сабота пладне на 27 јуни (9 август) 1913 година.

Потписници:

Генерал Коанда, генерал сердар Јанко Вукотиќ, генерал Фичев, потполкрвник Станчов, потполковник Д. Калафатовиќ, полковник К. Смиљаниќ, полковник К. Кристеску, капетан Пали


( Уговор о миру.., 69)


1Додаток кон Протоколот бр. 11