Македонија во билатералните и мултилатералните договори на балканските држави 1861-1913, документ бр.58
Дефинитивната граница помеѓу Бугарија и Грција1
Граничната линија започнува на сртот на планината Белашница, од српско-бугарската граница а потоа се спушта по сртот северно од Јуруклери и стасува до местото на спојување на реките Струма и Бистрица. Оттаму покрај р. Бистрица и потоа на исток на Сенгане Калеси (1500). Оттаму излегува на гребенот Али Бутуш (кота 1650) а оттаму по вододелницата; котите 1820, 1800, 713 и Страгач. Оттаму по самата вододелница минува кон север а потоа на северо-исток по вододелницата помеѓу котите: 715, 660 на котите 1150 и 1152 а оттаму по сртот источно од селото Ракистена, ја пресекува р. Места и се издигнува кон врвот Руса и Железа, го пресечува Доспат (Рану-су) и излегува на Чука.Од оваа точка продолжува повторно по вододелницата и преку Сибково, Кадир - каја (1750), Авлика - даг (1517), Кајин Чал (1811), Дебикли (1587), слегува на југ на котата 985, свртува на исток јужно од селото Карово а потоа одново на исток, поминува северно од селото Кајбове, се искачува кон север и поминува преку котите: 1450, 1538, 1350 и 1845. Оттаму слегува на југ поминува преку Чигла (1750) и Кушлар (2117). Од Кушлар граничната линија оди по вододелницата на Места и Јаси Еврен - дере преку планината Руен и излегува на Ахлад - даг (1300), по сртот кон железничката станица во Окчилар (41) и оттука по реката Места до Егејското Море.
Потписници:
Генералот Фичев. Потполковникот Станчов. Капетан К. Пали
(Уговор о миру .., 46)
1 Договорена според Австро-Унгарската генералштабна карта со размер 1 : 200.000. Документот е прилог Б кон Протоколот бр, 9.