Прејди на содржината

Македонија во билатералните и мултилатералните договори на балканските држави 1861-1913, документ бр.49

Од Wikibooks

ПРОТОКОЛ бр. 2 од седницата одржана во четврток на 18-ти/31-ви јули 1913 година


Седницата започна во 4 часот по пладне.

Присутни:

За Бугарија:

Н.Е. г. Димитар Тончев - министер за финансии, генералот Иван Фичев - шеф на генералштабот, г. Симеон Радев и генералштабниот полковник Константин Станчов.

За Грција:

Н.Е. г. Ел. Венизелос - Претседател на Министерскиот совет и воен министер, Н.Е. г. Д. Панас - ополномоштен министер, г. Николас Политис - професор по Меѓународно право на Парискиот универзитет и капетанот К. Пали.

За Црна Гора:

Н.Е. г. генералот сердар Јанко Вукотиќ - Претседател на Министерскиот совет и воен министер, г. Јован Матановиќ - поранешен директор на Поштата и телеграфот и поранешен вршител на работите.

За Романија:

Н.Е. г. Т. Мајореску - Претседател на Министерскиот совет и ми-нистер за надворешни работи, НЕ. г. Алекс Маргиломан - министер за финансии, Н.Е. г. Таке Јонеску - министер за внатрешни работи, Н.Е. г. К. Дисеску - министер за просвета и црковни работи, дивизискиот генерал аѓутант К. Коанда - главен инспектор на артилерија и К. Кристеску - заменик шеф на генералштабот.

За Србија:

Н.Е. г. Никола П. Пашиќ - Претседател на Министерскиот совет и министер за надворешни работи, Н.Е. г. Михаило К. Ристиќ - вонреден пратеник и ополномоштен министер на Србија во Букурешт, Н.Е. д-р Мирослав Спалајковиќ - ополномоштен министер, полковникот К. Смиљаниќ и потполковникот Д. Калафатовиќ.

Прочитан е и прифатен протоколот од претходната седница.

Преседателот предлага седницата да се одложи за утре во 4 часот како би можеле делегациите претходно да разменат мислења за начинот на кој што ќе се поделат териториите. Таа подготвителна работа ќе ја олесни работата на Конференцијата бидејќи ќе се утврдат прашањата за кои што ќе се постигне целосен договор и на Конференцијата ќе се изнесат само оние прашања за кои ќе се појават разлики во погледите.

Овој предлог е прифатен и седницата е затворена во 4 часот и 30 минути.

Потписници:

Т. Мајореску, Д. Тончев, генерал Фичев, С. Радев, потполковник Станчов, Е. К. Венизелос, Д. Панас, Н. Политис, К. Пали, генерал сердар Ј. Вукотиќ, Јован Матановиќ. Ник. Н. Пашиќ, М. Г. Ристиќ, М. Спалајковиќ, полковник Смиљаниќ, потполковник Д. Калафатовиќ, А. Маргиломан, Таке Јонеску, К. Г. Дисеску, генерал аѓутант Коанда, полковник К. Кристеску.


(Уговор о миру.., 7-8)