Македонија во билатералните и мултилатералните договори на балканските држави 1861-1913, документ бр.35

Од Wikibooks
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

ДЕКЛАРАЦИЈА кон Договорот за сојуз помеѓу Бугарија и Грција од 16-ти мај 1912 година

Првиот член не се однесува во случај кога би избувнала војна помеѓу Грција и Турција поради прифаќањето, во грчкиот парламент, критски пратеници против волјата на турската влада. Во тој случај Бугарија е должна да задржи благонаклонета неутралност спрема Грција. И заради ликвидирањето на кризата произлезена од настаните во 1908 година, и по однос на Критското прашање, што е во согласност со општиот интерес и од карактер, без да ја наруши рамнотежата на Балканскиот Полуостров, да ја зацврсти во интерес на мирот. Меѓународната положба, Бугарија (независно од задолженијата, предвидени со овој договор) ветува дека нема цена да ја отежнува евентуалната акција на Грција која е склона да го разреши тоа прашање.

Ив. Ев. Гешов Д. Панас

(Ат. Шопов, Какъ ни се наложи Балканската война.., 71-72)