Прејди на содржината

Македонија во билатералните и мултилатералните договори на балканските држави 1861-1913, документ бр.31

Од Wikibooks

ПРОЕКТ ЗА КОНЗУЛАРНА СПОГОДБА помеѓу Османлиското царство и Царство Бугарија, 1909 година1

ВИСОКА ПОРТА

Министерство за надворешни работи

ЦАРИГРАД

Н.Ц.В. Султанот, цар на Османлиите и Н.В. царот на Бугарите водени од желбата да воспостават генерални конзулати, конзулати и вице-конзулати на реципрочните територии, се договорија со една привремена декларација да ги прифатат условите на една Конзуларна конвенција, и за тоа именуваа свои полномошници:

Н.И.В. Султанот, цар на Османлиите,

Н. В. цар на Бугарите кои се договорија за следните одредби:

1.Османлиските трговски агентства ( Секретаријатот на Комесаријатот) во _______ се подигнуваат во Генералните конзулати на Турција, тие во _______во конзулати, а тие во ______ вице-конзулати.

Реципрочно Бугарското трговско агентство во Солун се подигнува во Генерален конзулат, а агентствата во конзулатите Цариград, Одрин Битола, Скопје, Серес.

(ЦДИА-С., ф. 321, оп.1, а.е.,1849, л. 5)

1 Документот не е датиран. Нацртот беше изработен од Отоманската страна и предаден на бугарскиот претставник во Цариград, 1909 година.