Прејди на содржината

Македонија во билатералните и мултилатералните договори на балканските држави 1861-1913, документ бр.24

Од Wikibooks

ПРОТОКОЛ за специјални спогодби помеѓу владите на Османлиското царство и Кнежевството Бугарија, 26-ти март/8-ми април 1904 година

Османлиска царска Влада и Кнежевството Бугарија потпишаа посебни спогодби:

1. За мерките што ќе ги преземат едната и другата страна за обезбедување сигурност на демаркационата линија;

2. За регулирање на поштенската и телеграфската служба, како и дозволите за патниците;

3. Реципрочна екстрадикција на криминалците и дезертерите со нивното оружје и муниција;

4. За условите за враќање на воените обврзници;

5. За надлежностите на трговските агенти и

6.За поврзување на идните железници според интересите на двете страни.


Во Цариград, на 26-ти март (8 април) 1904 г.

Потпишани:

Саид Зеки Г. Начовиќ

(ЦДИА-С., ф. 284 к, оп. 2, а.е. 131, л. 3)