Магдо мори, Магдалено

Од Wikibooks
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Магдо мори, Магдалено
Магдо мори, Магдалено
Елај ми Магдо на колено;
Магдо, дојде зор заман.
Отпетлај ми доламава,
Да ми видиш кошулава;
Три годони не е прана,
А четири не крпена.
Немам сапун, Димчо море,
Кошула да ти операм
Немам конец, Димче море,
Кошула да ти закрпам.
Раце ти се, Магдо мори
Мискиритли сапун Магде,
Косите ти, Магдо мори
Ко солунски свилен конец.

Надворешни врски[уреди]

Музика Блог за македонски народни песни