МАНИФЕСТ НА АСНОМ ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Од Wikibooks
Прејди на: содржини, барај

МАНИФЕСТ НА ПРВОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АНТИФАШИСТИЧКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД


2 август 1944 година


Македонски народе,

Во деновите на најголемите световни стресенија, во времето на најкрвавата борба на македонскиот народ, твоето прво народно Собрание израснато од крвта и од животите на најарните свои синови, во твое име излегува пред лицето на цел свет да каже на пријатели и душмани, на сојузници и окупатори, на блиски и далечни, оти македонскиот народ е решен да заживее слободен живот и оти никаква сила на светот не може да му застане на неговиот пат кон полна национална слобода.

Во моментот кога картечниот оган на нашите бригади го уништува крвавиот окупатор од Куманово и Струмица до Тиквеш и Дебар, кога нашата борба оди кон својата највисока точка и кога нејзиниот успешен крај стана јасен за секого, првото македонско Народно Собрание излегува со прокламација за полна национална слобода на нашиот народ.


Македонски народе,

Овие исторически печалби кои ти ги оповестува воето прво Народно Собрание не се ни случајни ни аризани. Тие се плод од реки пролеана крв и од купишта коски посеjани од едниот до другиот крај на Македонија. Во петвековното ропство разни поробувачи е грабеа твојата земја и го поробуваа твојот народ. Единото средство које не можеше да ти биде ограбено, беше борбата. Таја остана најсилното оражие во твоите раце и ти помогна да не бидеш збрисан како народ.

Во следните денови на Илиндeнското востание и Крушевската република, ти разбра колкава е силината на това оражие. Илинденското востание откри пред цел свет колку е тврда твојата решеност да не бидеш роб на никого, ами да живееш како слободен народ. Илинденската епопеја ти покажа и тебе колку е силна твојата тупаница кога се подига за извојување на слободата. И токму таква сила ги заплаши твојте скиени и отворени душмани - империјалистите од комшиските балкански држави. Уплашени од таја борбена сплотеност тие се обидоа за својата отровна пропаганда да те разединат за полесно да те поробат. И, благодарение на предатели и измамници во твоите редови, ти ја дочека, решителната 1912 година разединен, закрвавен, неорганизиран и твојата земја бидува разделена меѓу империјалистичките грабители. Во 1919 година се повторува срамната делба на Македонија, и ти не куртули од јаремот на ропството.


Македонски народе,

Впрегнат во невидено економско ропство, одречен како народ, обезправен политички, заостанал просветно, ти беше пред 23 годишниот живот под великобугарското ропство, доведен во положение на колонијален народ. Србизирањето стана националното гесло на белградските реакционери, занданите - нивното единствено умиротворително средство, економскиот грабеж - нимниот стопански принцип. Това што те одржа за тие тежки години, това беше твојата борба против великосрпските грабачи и нивните македонски измеќари. Во таја борба ти прогледа и узреја политички, во неа ти си ги најде својте, најдобри сојузници. Това беа другите поробени народи на Југославија. Това беше и братскиот српски народ зад чие име се криеја поробувачите од белградската чаршија. Во борбата против великосрпските повелачи, ти го искова своето братство со другите народи на Југославија. Това братство, покрај твојата борба, стана уште една гаранција, за спечалване на слободата.


Македонски народе,

Со подлиот напад на геманско-фашистичките империјалисти во 1941 година Југославија бидува прегазена, а Македонија за четврти пат во 30 години, поделена меѓу фашистичките јатаци на Хитлера.

Пред великобугарската окупација настанаја најтешките години на македонскиот народ. Грабежот зема невидени дотогај размери, македонското селско стопанство бива исцело ставено во услуга на Хитлерова Германија. "Дирижираниот стопански" грабеж ги рашири своите крила над Македонија. Не остана произведение од селско стопанство, које можеше да куртули од реквизиционата експлоатација. Селаните беа бутнати во понорот на бедата. Со нив заедно тонеа во мизерија сите други сасловија. Целото македонско стопанство беше подложиво на најбесрамен грабеж за сметка на Германија. Бугарските фашистички измеќари се преобратија во најверни кучиња на Хитлера. Спекулата стана неписен закон. Македонија беше стопански изцрпена. Македонскиот народ потона во дотогај невидена невидена беда.

Дури на една страна се трубеше неуморно старата поробувачка песна оти македонски народ немало, оти ние сме биле асли Бугари, на друга страна се полнеа занданите со чесните синови на Македонија, а во полицајските участаци со инквизаторски методи се мачеа народните борци. Војно-полевите судови работеја усилено, интернациите обухватија цели села и околији, на бесилките увиснија најдобрите синови на Македонија. Крвожедниот фашистички окупатор тргна кон физичко истребување на македонскиот народ. Модерните Хуни ги надминаја во крволочноста најсуровите турски катили.


Македонски народе,

През долгите години на ропство, тешката стварност те научи оти ти против поробувачи имаш само едно сигурно оружие: борбата. И ти машки го стегна това оружие. Во позивот на КП на Југославија за борба, ти ја чу свеста на најдобрите твои синови. Во нејзиниот револуционерен дух ти ја осети бунтовната силина на еден поробен народ. Во нејзината организациона стегнатост ти го виде твојот водач и умен организатор. Во нејзината доследност ти виде гаранција оти борбата ќе биде изведена до победоносен крај - и ти не се поколеба да тргнеш со смелиот водач и организатор.

Револуционерната традиција на Илинден пак оживеа. Настануваат најславните години во твојата историја, настанува епопеја на светата народна ослободителна борба, во која ти се препороди како народ и се осети ослободен да си ја земиш судбата во сопствените раце. Во неравната борба, во која ти влезе смело, израсна од малите партизански одреди - првата во твојата историја Народно-ослободителната војска, која го прослави македонското име по цел свет и стана страх и трепет за фашистичкиот окупатор. Сјајните победи при Кичево, Дебар, Тушин, Ристовац, Злетово, Кратово и Струмица се славна историја на твојата војска. Ослободувањето на Македонија е нејзиниот свештен завет. Надахната со лјубовта за својот народ, запоена со духот на Делчев, одушевена со борческиот елан на Тито, твојата војска ќе го исполни тој свештен завет и нема да го испушти оражието од рацете дури последниот окупаторски војник не биде избркан од нашата татковина, дури последниот воен преставник и предател не добие заслужено неказани и дури слободата не биде исцело извојувана и осигурена.


Македонски народе,

Изненаден од твојата сплотеност, исплашен од смелите удари на твојата војска, поганиот фашистички окупатор разбра оти сам нема да може да се додржи во Македонија. По стариот обичај на сите поробувачи, тој побара и најде гнасни изроди, готови за фрлената коска да го продадат сопствениот народ. Чкатровци и Ѓузеловци, Китанчевци и Ципушевци се натпреваруваат кој посрамно да те предаде. Од шпионско служение на фашистичкиот окупатор, овие одвратни јуди стигнаја до организиране на банди, составени од најкриминални албански и домашни елементи, за борба против нашата Народно-ослободителна војска, за крволочно избиване на мирното македонско население и за паленје на македонските села.

Уплашениот фашистички окупатор сега ја фрли и последната карта во борбата против македонскиот народ. Крволочната банда на Ванчо Михајлов, потоната во нивната крв на толку македонски синове, пак, се јавува на предателската сцена, овој пат на чело со познатиот фашистички агент Александар Станишев. Професионалните убици од софијските улици прават сега јалов опит со терористички јадра со коцкари и пијаници да ја отежат праведната борба на македонскиот народ за слобода.

Во борбеното единство на македонскиот народ со другите народи на другите народи на Југославија, овие погани изроди ја гледаат најголемата опасност за своите противнародни планови. Удирајќи бесно против српскиот народ, тие сакаат да удрат против единството на братските народи во Југославија, да го оделат македонскиот народ од нив, да го осамат во борбата, и, изолиран од неговите сојузници, полесно да го уништат. Со својата бесна кампанја против Маршал Тито, тие се опитаха да го отделат македонскиот народ од генијалниот водач на Народноослободителната борба и да ја закопат за вечни времина слободата на македонскиот народ. Фрлајќи лаги и одвратни клевети против нова, демократска и федерална Југославија, тие сакаат да го турнат македонскиот народ во поразениот лагер на фашистите и да го дотераат утре на оптуженичка клупа заедно со фашистичките заложници.

Велико-српските хегемонисти на Дража Михајловиќ и Милан Недиќ, демаскирани како слуги на окупаторот и отфрлени од српскиот народ, презрени од демократската светска јавност, разбиени исцело во Македонија, притаени во разни германски претпријатија, дебнат момент да се фрлат на македонскиот народ и пак да го прегнат во јаремот на белградските шовинисти.

Сите овие браќа во криминалот и душмани на македонскиот народ се верни слуги на истиот господар - крволочниот Хитлер. Но ти брзо ги откри пеколни планови на овие злочинци и им даде достоен одговор. Немилосрдната борба против фашизмот и крвавиот великобугарски окупатор, беше твојот одговор на нивните обиди да те впрегнат во јаремот на фашистичкото ропство. Разбивањето на контрашките банди уште во нивниот зародиш, беше твојот одговор на нивниот обид да го разделат македонскиот народ и да е уништат неговата борба. Нераздружимото братство и единство со другите народи во Југославија, беше твојот одговор на нивните обиди да те осамотат во борбата. изградуванјето на нова, демократска федеративна Југославија, на чело со маршал Тито и твојата сплотеност во редовите на Народно-ослободителниот фронт на Македонија, е твојот одговор на сите планови на великосрпските хегемонисти и на разбојничките прохтеви на големоалбанските фашисти.

То е денес твојот одговор на сите овие душмани - твојата праведена борба за слобода. Утре никаква сила нема да ги спаси овие продадени души од немилосрдниот народен суд. Никаква сила нема да ја запре твојата осветничка тупаница да ги разбие главите на овие гнасни изроди и подли поробувачи. Борбата за твоите праведни идеали се најдува пред победоносен крај, пред полна национална слобода.


Македонски народе,

Од тешките борби и пролеаната крв на најдобрите македонски синови излегува денес првото Народно Собрание, тој симбол на твојата слобода и изразител на твојот суверенитет, и ја прокламира пред цел свет полната национална слобода на македонскиот народ во ПРВАТА СЛОБОДНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА. Вековниот идеал на македонскиот народ се постигнува. За прв пат после Самоила македонскиот народ створи своја сопствена држава; за прв пат македонскиот народ ќе се осети во Македонија како во своја кукја; за прв пат тој стана дребна пара во сметките на грабежливите сили, ами слободен народ во слободна држава. Това е најголемата придобивка во историјата на нашиот народ, спечалена во гигантскиот антифашистички фронт со крвта на најдобрите синови на Македонија и со помошта на другите народи на Југославија, осигурена во нова, федеративна заедница на народите на Југославија.

Тргајќи од животните интереси на македонскиот народ од неговите заеднички борби со другите народи во Југославија против големо-српската хегемонија и од скапите жертви дадени против заедничкиот фашистички окупатор, првото македонско Народно собрание изјавува во твое име оти Македонскиот народ влегува како национално ослободен рамноправен член во нова Демократска и Федеративна Југославија на принципите установени на II заседание на Антифашистичкото веќе на народното ослободуене на Југославија (АВНОЈ), на кое му се признаја правата на национална слобода. Со това македонскиот народ станува градител на нова Југославија, која е дело и израз на нераздруживото единство и братство на сите нејзини народи, а најголемата гаранција како за слободата на секој отделен народ, така и за слободата на сите народи во Југославија заједно. Како дел на нова, демократска и федеративна Југославија, македонскиот народ станува сојузник на големите сили победителки.

Тргвајќи од вековните идеали на македонскиот народ, првото македонско Народно Собрание го прокламира пред цел свет своето праведно и неостапно сакање за обединение на целиот македонски народ на принципите на правото за самоопределување. Со това ќе се тури крај на робството на македонскиот народ во сите негови делови и ќе се создадат условија за искрена солидарност и мир между балканските народи.

Бидејќи е свесно оти фашизмот е најголемиот враг на малите народи и на славјанството, првото македонско Народно собрание тржесвено изјавува оти македонскиот народ нема да го остави оружието дури фашизмот со сите негови помагачи не биде исцело разгромен.

Борејќи се за слободата на македонскиот народ, првото македонско Народно Собрание ги прокламира правата на полна слобода и рамноправност на сите народности во Македонија.


Македонци и Македонки, браќа и сестри!

Првото македонско Народно Собрание ги прокламира овија свети принципи во момент кога братската победоносна Црвена армија стапува на германска земја и неиздрживо оди кон Берлин, кога нашите англо-американски сојузници на запад го пробија атланскиот зид на Хитлеровата европејска зандана, кога сојузничките армии од југ настапуваа кон Алпите, кога со смелата Титова армија се готви да тргне на Белград, Љубљана, Сарјево и Скопје.

Првото македонско Народно Собрание ги прокламира овие големи принципи во согласие со основните решениа на Московската и Техеранската конференција, кои ги гарантираа правата на слободен живот на секој народ, ангажиран во борбата против фашискиот окупатор.

Во овија дни се решава судбата на нашиот народ за векови. Историјата ве поставила пред судбоносна проба. Од вас зависи дали Македонија ќе биде зандана за робови или слободна татковина на слободни луѓе. Жртвите на вашите браќа и првоборци ве викат на последен јуриш. Иднината ваша е иднина на нашата земја и таа не вика на последен, одлучен бој. Наредете се сите во народно-ослободителниот фронт и докажете оти сте достојни и докажете оти сте способни да си ја спечалите слободата и изградите сами сетнина.


Македонци под Бугарија и Грција,

Обединението на целиот македонски народ зависи од вашето учестие во гигантскиот антифашистички фронт. Само со борба против подлиот фашиски окупатор ќе го спечалите правото на самоопределување и обидение на целиот македонски народ под покровот на Титова Југославија, која стана слободна заедница на слободни и равноправни народи. Нека борбата на македонскиот пиемонт ве одушеви за посмела борба против фашискиот поробувач! Нека патот на овој дел на македонија стане и ваш пат, оти само тој води кон слободата и обединението на целиот македонски народ! Нека вашето учестие во свеопштата антифашиска борба им даде живот на принципите прокламирани на првото македонско Народно Собрание и нека ги збрише искуствените граници који разделија брат од брат, Македонец од Македонец.


Браќа Арнаути, Турци и Власи,

Поробувачите на Македонија од везден сакале да не разделат и скарат за полесно да ја владат нашата татковина и да ги грабат нашите народи. Тешкото минато ни покажа оти интересите на нашите народи са исти, а нивната судба заедничка. Во овие решителни моменти сите ние изградуваме слободна Македонија. Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме.

Вашите синови учествуваат во македонската војска и земат веќе командни места. Вашите првоборци учествуваат како пратеници - народни претставители во Народното Собрание. Првото македонско Народно Собрание е прокламира слободата и равноправноста на сите народности во Македонија. Мобилизирајте ги сите народности поскоро да ги оствариме неговите свети принципи. Учествувајте равноправно во изградуванјето на слободна Македонија - слободна татковина на сите народности.


Илинденци,

Крвавиот фашиски окупатор спекулира со вашите жертви и со вашата крв. Тој срамно ги изопачува целите на вашата несебична борба во минатото. Тоа се опирва да го сроза вашиот авторитет, употребувајќи ве како перде за страшниот грабеж и терор спроведуван над вашата земја. Тој подмолно се опитва во најрештелните моменти да го раздели вашиот народ на стари и млади.

Се исполнуваат целите за кои вие сте се бориле. Македонија врви кон својата слобода, кон непостигнатиот идеал за кој хиладници ваши другари ги дадоа својте животи во Илинденската епопеја. Вашиот првоборец и другар Димитар Влахов е еден од нашите водачи. Вашето место е покрај вашите синови и внуци. Напред во борбата за идеалите за кои вашата генерација се бореше а нашата ги исполнува! Напред стари и млади за изградување на слободна Македонија.


Македонска емиграција во Бугарија,

Ропството на нашата македонска родина ве оддели од вашите куќи, од вашите блиски, од вашите села и градови. Тешката судба на вашата поробена татковина ве фрли во шапите на подлиот кобурговски диктатор. Во мрачните завоевателни планови на крвавиот кобурговски дворец, на вас ви беше предопределена ролјата на воени провокатори на Балканот и на камшик во рацете на тираните против слободољубивиот бугарски народ.

Ние синовите на боречка Македонија везден сме правеле разлика между убијците од бандата на Иван Михајлов и чесната македонска емиграција. Ние од везден сме знаеле оти во вашите гради никога не престанало да биде едно чесно срце на нашата обшта родина, оти нашите идеали са и ваши идеали, и оти во вас никога не угаснало желанието да се најдете пак во вашата слободна и незастранена македонска татковина.

Првото македонско Народно Собрание ви испраќа пламени братски поздрави и ве кани во дружна борба за ослободуванје на Македонија и изградуванје на слободна Македонска држава.

Отфрлете ги самоназначените водачи околу крволокот Иван Михајлов! Присаединете се кон нашиот Народно-ослободителен фронт за избркуване на фашиските поробители! Земете учестие во ослободуванјето на обштата македонска татковина! Дајте го својот дел во нејзиното изградуванје! Нека нашата сплотеност стане остар одговор на сите поробувачки планови! Нека нашето единство стане страх и трепет за враговите на Македонија! Нека нашиот боречки патриотизам стане гаранција за подобра иднина на нашата татковина!


Македонски работници,

Вие први разбравте оти фашизмот е вашиот најголем душман, најсвирепиот поробител на вашиот народ, а вие први влеговте во светата броба против него. Зад секоја победа во оваја трогодишна борба се крие пожртвуваноста на вашите првоборци. Секој успех против крвавиот фашиски окупатор е израснал од крвта на вашите другари.

Во слободна Македонија, во нова Југославија, вие ќе започнете еден посреќен и подостоен за вас живот.

Во предвечерието на слободата ни еден ваш другар не смее да остане на страна на борбата. Напуштајте ги фашиските работилници, фабрики и рудници! Напуштајте ги фабриките во фашиска Германија! Влегувајте во вашата народно-ослободителна војска и станете нејзини грбнак!.. Со своето масовно учестие станете првоборци на Народно ослободителната борба! Со својата храброст станете гордост на нашиот народ! Со својата прикажана упорност изградувајте ја слободна Македонија и станете нејзини најпредани творители! Направете од новата македонска држава вистинска, слободна и праведна татковина на целиот работен народ.


Македонски селани,

Вие најдобро осетивте на сопствената кожа што значи фашиско ропство. Во овија три години плодовите на вашиот труд се грабеа и се грабат по најбесрамен начин, а на вас ви остава само ропска работа, беда и безправие. Фашиските повелачи ве оставија да живите само за тоа, да можете да работите на нивната воена машина. Од вашиот труд се гојат окупаторските грабачи, а вие остануете гладни, голи и боси. Фашизмот ви зеде се, а не ви даде ништо.

Во овије неколку месеци се решава судбата на македонскиот народ. Судбата на Македонија е судба на македонскиот народ. Судбата на Македонија е садба на македонските селани, дека вие сте најголемиот негов дел. Не давајте ги својте произведенија на фашиските изеденици! Кријте го житото! Избивајте ги реквизионите комисии! Палете ги фашиските општини! Не плаќајте данаци на вашите поробители! Влегувајте смело во редовите на нашата војска! Станете сите како еден да ја извојуваме слободата и да ја изградиме слободна Македонија.


Македонски младинци и младинки,

Вие бевте првата жертва на фашиските окупатори и вие се кренавте први во борба против нив. Со својата прикажана храброст вие дадовте пример како се служи на народните идеали. Вие денес го чините најборбеното јадро на нашта војска.

Во борбата што се води денес се изградува поарна младинска иднина. Слободна Македонија вие треба да (ја) изградите. Со сите сили помогнете за спроведуенето на решениата на АСНОМ и (за) изградуенето на новата народна демократична власт во Македонија и (на) нашата Македонска држава.


Борци од Народно-ослободителната војска на Македонија, партизани, војници, офицери, подофицери и политички работници,

Со вашата прикажана смелост вие го разнесовте македонското име по цел свет. Со својата безпримерна пожртвуваност вие му натеравте страв во коските на фашискиот окупатор. Со крвта на најдобите свои другари вие е исписавте историјата на македонскиот народ. Победата е близу, но требат уште напори да се извојува слободата на македонскиот народ. Во гиганската борба што се води денес, вие не сте сами. Вие сте дел на славната Народно-ослободителна војска на Југославија и како такви - сојузници на победоносната Црвена армија и на англоамериканските војски, кои ги задаваат последните удари на фашискиот окупатор.

Запалените села по цела Македонија ве канат на освета! Поробениот македонски народ чека од вас слобода! Држете го уште поцврсто оражието спечалено со крв, јакнете ја уште повеќе вашата дисциплина и воена вештина! Дигнете го уште повисоко знамето на Гоце Делчев! Гответе се за последните удари на фашискиот окупатор! Гответе се за ослободуене на Македонија!


Македонски мајки, жени и сестри,

Во оваја величествена борба вие го дадовте својот крвав дел. Во слободата на македонскиот народ вие ќе си ја спечалите и собствената слобода. Во утрешна слободна Македонија вие ќе бидете нејзини слободни и равноправни сторители.

Учествувајте уште помасовно во народно-ослободителната борба! Мобилизирајте ги сите свои другари за борба на фронт и работа во тилот. Борците на фронтот имат нужда од вашата поткрепа. Слободата на вашиот народ имат нужда од вашата помош. Изградувајнето на новата држава не може да се замисли без вашето равноправно учестие. Прегнете ги сите сили за поскоро да ги оствариме принципите провозгласени од првото македонско Народно Собрание.


Македонски народе, браќа и сестри!

Зората на слободата изгрева! Од крвавата слобода израсна веќе слободна Македонската држава, во нова, демократска и федеративна Југославија. Но борбата уште не е завршена. Прегнете ги сите сили да се истргне слободата што поскоро, да се зачуваат печалбите на сегашната борба, мобилизирајте ги сите снаги за изградуванјето на нашата држава и направете од неа сретна татковина на среќен народ.

Се за фронт - се за победа!

Да живее првата Македонска Држава во нова, демократска федеративна Југославија.

Да живее првото Антифашистичко собрание на народно ослободуване на Југославија!

Да живее националниот комитет, на чело со лубимиот водач на Југославија Маршал Тито!

Да живее нераздруживото братство и единство на народите на Југославија!