Прејди на содржината

Лисаво

Од Wikibooks
Лисаво, Лисаво, Лисаво на мајка,
џан бела кадуно, солунска коконо, (х2)
Ти кога запеиш, Лисаво на мајка,
далеку се слуше, дур на нашта нива,
дур на нашта нива, дур на нашта слива.
Јас кога да слушнам, Лисаво на мајка,
сарпот го фарљувам, на стог са качувам,
срце ми голее, шо арно си пееш.
Ти кога запеиш, Лисаво на мајка,
далеко се слуше, прико три планини,
прико три морини, солунското поле.

Оваа песна е собрана од селото Куфаја, од околината на Солун.