Ленче бре душо
Изглед
- Ленче бре душо, Ленче бре срце,
- Умрев загинав за тебе,
- Кога помина, кога замина,
- Покрај моето дуќанче,
- Леле Ленче бре.
- Немој бре лудо, немој бре душо,
- Не играј се ти со мене,
- Јас не можам да те земам
- Јас сум си моме
- Лудо, мори, сираче.
- Мајка ти лудо, мајка ти душо,
- Дарови ќе ми сакаја,
- Јас не можам да ја дарам
- Јас сум си моме,
- Лудо, море, сираче.
- Мајка ми Ленче, татко ти душо,
- Дарови не ти сакајат
- Збор да ми кажем, дума да дадеш
- Оти ти моја
- Ленче ќе бидеш.