Ленка пиши бела книга

Од Wikibooks
Ленка пиши бела книга,
Бела книга, бела книга, црно писмо.
Ќе го праќа во Стамбола,
Во Стамбола, во Стамбола, кај брата и.
Ој, ти Спире, мили брате,
Како знаеш, како знаеш, дома да дојдиш.
Ти е болна невестата,
Невестата, невестата Анѓелина.
Јавна Спире брза коња,
Брза коња, брза коња-ал дорија.
Да ја види невестата,
Невестата, невестата Анѓелина.

Надворешна врска[уреди]

Музика