Прејди на содржината

Кучињата лаат, пазарџии идат

Од Wikibooks

Кучињата лаат, пазарџии идат е македонска народна песна.

Текст на песната

[уреди]
Кучињата лаат, пазарџии идат
пуштај ме, калеш Митро да с'јодам. [2х]
Тие кучина ос вечер лајат
приседи калеш Димчо до мене
прикрши рамна снага Митрина.
Петлите пеат, зора се зори
пуштај ме бела Митро да с'јодам. [2х]
Тие се петли, петли лажовни
приседи калеш Димчо до мене
прикрши рамна снага Митрина.

Надворешни врски

[уреди]

Блог за македонски народни песни