Кумановската битка

Од Wikibooks

Оваа битка претставува прв поголем вооружен судир во Првата балканска војна.-Таа се водела меѓу српската и турската војска на 23 и 24 октомври 1912 година.-Во српската војска имало и повеќе четнички одреди составени од македонско население, како и локални селски чети

Македонците во српските чети, како и оние во бугарските, постојано биле уфрлувани од зад грб на турската војска, или како претходница на српската војска први стапувале во вооружени судири и главно ги ослободувале селата, па и повеќето градови. Дејствувајќи на фронтот на Првата. српска армија, односно во северна и во Западна Македонија како извидница и претходница на српската војска, македонските доброволци на 20 октомври 1912 го нападнале турскиот логор во месноста Старец, Кумановско, заплениле големо количество оружје, а турската војска избегала. Веднаш потоа го кренале на востание речиси сето население во пошироката област, а само во Страцин се кренале 700 вооружени лица. Пред Кумановската битка се воделе жестоки борби меѓу македонското население и турската војска. Според податоците на турскиот маршал Чакмак, на 21 октомври командантот на турската 16. дивизија напишал телеграма до претпоставените, во која се наведува: Во Калиманци се водат тешки борби со македонските доброволци, ќе биде многу тешко доколку веднаш не испратите еден полк. Во битката кај Куманово на 23 октомври 1912 година 2.000 македонски доброволци, собрани од месното население, од утринските до попладневните часови сами се бореле против турската војска на фронтот кај местото Стревице близу Младо Нагоричане. Така, го спречиле опколувањето на српската војска на која потоа и’ пристигнало засилување. Во таа борба меѓу Македонците загинале или биле ранети шест војводи и 200 доброволци, но позициите не ги напуштале.