Кранфило, фил-фило моме
Изглед
- Кранфило, фил-фило моме,
- Каранфило, фил-фило,
- Ти каранфил не носиш, моме,
- На каранфил мирисаш.
- Друшките ти носеја, моме,
- Друшките ти носеја,
- Друшките ти носеја, моме,
- Ама не мирисаја.
- Цел ден стојам пред порти, моме,
- Цел ден стојам пред порти,
- Цел ден стојам пред порти, моме,
- Пушка држам во раце.
- Да убијам татко ти, моме,
- Да убијам татко ти,
- Да убијам татко ти, моме,
- Татко ти, ем мајка ти.
- Жал ми падна за тебе, моме,
- Жал ми падна за тебе,
- Ќе останеш сираче, моме,
- Без мајка и без татко.