Прејди на содржината

Кој што ме чуе да пеам

Од Wikibooks
Кој што ме чуе да пеам,
Тој мисли тага јас немам.
Јазе си пеам, веселам-
Тагите да заборавам.
Оздола иде либето,
Со двајца верни другари.
Либето беше трендафил,
Другарите беа гранчиња.
Либе ми вели, говори,
Дојди ми либе до вечер.
Дојди ми либе до вечер,
Јас ќе те чекам под пенџер.
Дојди ми либе до вечер,
Јас ќе те чекам под пенџер.
Не можам либе да дојдам,
Јас си заљубив друго либе.

Надворешна врска

[уреди]

Музика