Кој со кого ќе се помирува
КОЈ СО КОГО ЌЕ СЕ ПОМИРУВА
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и Премиер на Република Македониjа, Љубчо Георгиевски одговара и полемизира на темата за национално помирување
За националното помируванье по вторпат
[уреди]Во време кога Македониjа ja поплавуваат секоjдневните концерти на Лепа Брена и на десетина други забавни музички, театарски групи од северот; во време кога во сите кафани и кафулиња се вртат само jугословенски хитови, а македонската песна не можете да чуете нигде; во време кога државата во духот на еквидистанца со еден насто царина ja свртува комплетната тproвиja само со северниот сосед и веќе станавме како држава-сервис; во време кога Македониjа е поплавена со нечат исто само од една соседна држава и кога комплетната кадровска структура што се именува е онаа што беше лоjална на Jyrocлавиja во време кога само прашање на ден е кога ќе ги смениме знамето и Уставот и кога замижуваме дека цел свет не именува како словенско мнозинство или Славомакедонци, дури и нашите наjголеми npиjaтeли; во време кога го чекаме новиот Закон за локална самоуправа, со кoj ќе отпочнеме кантонизациjа на Македониjа; во време кога влашкото лоби немилосрдно го приватизира македонското богатство, а македонскиот народ се пауперизира и станува безгласна буква во сопствената држава, група познати македонски интелектуалци, весници и политичари, како што се Гане Тодоровска, Крсте Битовски, Коле Мангов, Блаже Ристевски, Атанас Вангепов, Ванчо Николески. Joван Павловски, Иван Катарџиев, комплетните изданиjа на весникот "Нова Македониjа", "Македонско време", "Пулс" или политичари како господинот Андов, како бестрашни и доблесни мажи уште еднаш, по коjзнае коj пат, безмилосно се пресметуваат со нaj сериозната опасност по нив за "самостоjноста" на Македониjа, а тоа е како надворешен неприjател Бугариja, а како внатрешен неприjател ВМРО-ДПМНЕ.
Притоа, користеjќи два момента, прво, одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да ja наследи традициjата на историското ВМРО и именувањето на свojoт конгрес како Десетти, и вториот момент, споменувањето на Киро Глигоров на поимот национално помирување, туку нафрлена топка за да можат сите оние кои треба да се докажат да го направат тоа уште еднаш и дефинитивно да ни кажат со коj можеме да се помируваме, а со коj не можеме.
Од горенаведените имиња прочитав толку многу лаги, дезинформации, историски невистини и политички памфлети, што навистина морав да си го поставам прашањето, можно ли е луѓе од четириесет, педесет или шеесет години толку да не си ja познаваат сопствената истоpиja, можно ли е да не прочитало ниту една книга од своите преродбеници што ги буделе во 19 век или, пак, од националните херои на македонската револуционерна борба за кои навистина не можеме да се пожалиме дека не пишувале книги, статии или писма за да бидат доволно jacни во она што сакале да го кажат а ние, идните генерации, не треба да ги читаме со фусноти или на помакедончен jазик како што некои, како Гане Тодоровски, го воведуват во практика. Си го поставувам прашањето можно ли е деканот на Филолошкиот факултет г-дин Атанас Вангелов никогаш да не го прочитал Миладинов или, пак, Шапкарев и да воспостави комуникациjа со авторите кои се темел на она што денес го имаме.
Доколку, пак, овие луѓе ja познаваат сопствената историjа, тогаш повторно значи се работа за ставање на интелектуалецот во служба на кариеризмот, газењето по самиот себе, самоплукањето, само за да се добие повеке благонаклоност кaj властодржецот што, впрочем, беше навистина испробана практика во изминатите децении и зар не сфаќаат овие луге дека ваквиот систем може да издржи само во еден тоталитарен свет. Своите аргументи можат да ги бранат само со дендрскот, заканите и заплашувањата. Толку ли им е тешко да сфатат дека тоталитарниот ѕид, со кoj е оградена Македониjа, може да го држат уште десет години, меѓутоа, ќе доjде ден кога сето тоа ќе се сруши и што ќе стане со нивните дебели книги напишани врз база на очевидни лаги или државни фалсификати! Што ке стане со нивниот интелектуален багаж, коj денес толку високу го издигнуваат, зар не сфаќаат дека во светот се создава информациски автопат, кoj за многу кратко време ќе помине и низ Македониjа! Зар не сфаќаат дека помина времето кога историjата се пишуваше во затворените граници од Гевгелиjа до Врање! Но, да почнам со ред.
Ќе почнам со нападите врз бугарската политика спрема Македониjа и фамозните врски на Бугариjа со ВМРО-ДПМНЕ, при што ќе го потенцирам она што досега стотина пати сум го потенцирал, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ на Бугариjа гледа само како на еден од четирите соседи со коj треба да се има пријателски односи, при што го истакнуваме реалниот политички заклучок, кoj ceкoj непристрастен политички набљудувач лесно може да го заклучи, а тоа е дека Република Бугариjа, односно неjзината надворешна политика, во минатите пет години ja направи во единствен коректен сосед на Република Македониjа, кoj директно со ништо нe ja условуваше или, пак jа попречи меѓународната позициjа на Република Македониjа, односно патот кон меѓународен политички cyбjeкт. Напротив, таа беше еден од наjсилните агитатори дека Република Македониjа треба да се стои зад стабилноста на Македониjа. Ja призна Република Македониjа, спротивно на одлуката на Европската заедница, по цена дури и да се замери, направи притисок врз Русиjа да ja признае Македониjа и тоа Елцин jaвно го изjави. Да потсетам дека претседателот Желев беше личноста кoja двапати ги одби Милошевиќ и Мицотакис за нов балкански договор или за нова поделба на Македониjа. Неколкупати беше одбиена понудата на Милошевиќ за двоjна поделба на Македониjа. Впрочем, сите европски и американски аналитичари, па дури и политичари, пocтojaно повторуваат дека на Балканот наjвоздржана политика кон другите држави води токму Бугариjа, само што тоа не сакаат да го чуjат, ниту да го видат нашите политичари. Да не зборуваме за економската отвореност кога Македониjа беше под комплетно ембарго кое трае и до денес и да ги споменеме чиновите на добра волja за двете наjспорни прашања меѓу двете држави, а тоа се изjавите на претседателот Желев, на тогашниот премиер Димитров, па и на сегашниот премиер Виденов, дека Бугаpиja ќе го почитува самоопределувањето на македонскиот народ и ке го прифати таков каков што е. Што се однесува до jaзикот, има ли покарактеристичен пример од дозволата на претседателот Желев две од неговите книги да се преведат на македонски jaзик и да бидат oбjaвени. Прашање што повеќе децении беше замрзнато. Сите овие постапки ВМРО-ДПМНЕ како политичка партиjа ги ценеше затоа што имаше поткрепа во своjата основна идеjа, а тоа е самостojност и независност на Македониjа. Од овие постапки на надворешната политика на Бугариjа, очигледно, можат да се плашат само оние луѓе кои длабоко се плашат од самостоjна и независна Македониjа и сите свои политички активности во минатите кризни години ги водеа во насоката Македониjа да остане во рамките на нова Jугославиja.
За бугарофилите и србофилите
[уреди]Во сите овие жестоки критики и напади против ВМРО-ДПМНЕ или историското ВМРО или против националното помирување, државните и официалните претставници во едно се согласни. Имено, тие едиогласно јa изнесуваа тезата дека нема помируваае со врховистите и не вракат барем педесет, шеесет или сто години назад. Jac, кога зборувам за националното помирување, повеке би сакал да пишувам за малку пократок историски период, оноj што го паметиме и за оној што се уште има живи сведоци или жртви. Само ке ги потсетам горенаведените интелектуалци дека, од 1945 до 1990 година, Македонија беше жртва на титоистичката jrocловенскa диктатура. Прво, по линија на самостојна Македонија, потоа по линија на Информбирото, по линија на национализацијата и по линија на демократско-грагански спротивставувања /на пример, нeкoj го критикувал Тито, или Лазо/. Посебно деценијата по 1945 година беше деценијата на брутални убиства без судење, тешки малтретирања по затворите и сите можни видови на притисоци што можеше да ги измисли Титовата комунистичка држава. Затоа, сметам дека зборувајки за националното помирување, прво, треба да го расчистиме тoj период за кој можеме да наземе илјадници живи сведоци да ги кажат своите спомени, да им се даде гласност на тие спомени, да видиме зошто тие луге биле уништувани, мегутоа, да проговориме и за оние кои ги уништувале. Морам да признаам дека во овие неколку години како човек сум згрозен од дрскоста и силата штo ja имаат злосторниците по 1945 година, кои сѐ уште седат комотно во своите вили на Водно, а некой од нив сѐ уште управуваат од заднина со државата, кои гласно велат "не сакаме никакво помирување" додека жртвите со своите болести, навлечени по Идризово или Голи Оток сѐ уште исплашено молчат, jaвyвaјки се срамежливо понекогаш со сѐ уште набиено чувство на вина. Тоа е најолемата морална хипокризија на политички план што и се случува денес на Македонца и без кoja на морален план нема да мрднеме ни чекор, ако не расчистиме. Сѐ додека жртвите за самостојна Македонца и сѐ додека злосторниците кои ги пракале тие жртви пред нишаните на удбашките пиштоли или затворите, свечено, со писма ги каниме на официалните државни свечености и манифесние само ќе се навикнуваме на тој апсурд и ќе живееме сѐ повеќе со политичката лага.
За подалечното минато
[уреди]Обично, во сите тие напади, луѓето на режимот исфрлуваат една теза: помирување - да, но не со Тодор Александров и со Ванчо Миxajлов, односно со таканаречените врховисти, при што веднаш се исфрлаат следните аргументи. Прво, тие биле крвници на македонскиот народ; второ, секогаш декларирале дека во Македониjа живеат македонски Бугари и немале правилен став за националното прашање и трето, кое, мораат да признаат, неодамна им го даде познатиот есеист Коле Мангов, биле единствените што не го признавале македонскиот jaзик и жестоко се бореле против него. А како додаток на тоа, коj само подобро го дообјаснува овoј став, а со што ке полемизирам во овoj текст, с тезата на господинот Иван Кантарџиев дека национално помирување може да има само со оние кои цврсто стojaт зад тезата за caмостojнa Македонија, кои цврсто стojaт или стоеле зад македонската нација или го признаваат македонскиот jaзик и македонската православна црква.
Што се однесува до крвниците, обично Александров и Михајлов се претставуваат како крволоци над македонскиот народ, при што секогаш се наведуваат некакви апстрактни бројки без многу конкретни податоци. Отворено би го поставил прашањето /пораката/ до македонската историографија, што е можно побргу да расчисти со вистинската бројка на луге поединци, мислам Македонци, кои загинале по наредба на Александров и Михајлов. Едноставно, за да имаме jacнa претстава за ширината на тие злосторства, а не ке е лошо да ни приложат и одредени материали кoj оз вим и зошто бил убиен, зашто, колку што ми е познато, секое убиство но ВМРО морало да биде одобрено или потврдено со Одлука на Централниот комитет. Меѓутоа, кога зборуваме за крвниците навистина сметам дека на Македонија и недостасуваат и некои други бројки, за да можеме да сфатиме едно време дали подалечно или поблиско. Како прво, зошто до денес во македонската историографија ja нема бројката на македонските жртви што биле убиени, затворени или претепани од дваесет и три годишната српска окупациja на Македонија. Мислам дека компарацијата ќе ни каже многу без понатамошни коментари. Кога сме кај бројките, би запрашал зошто до ден-денес сѐ уште немаме официален и документиран материал за македонските жртви од времето на Втората светска вojнa. Па да видиме колку Македонци загинале под бугарска окупациjа, колку загинале под албанска окупација, колку загинале на Сремскиот фронт и, нормално, националната структура на тие што загинале. Колку од нив биле Македонци, Срби, Евреи, Турци, Роми. Конечно, кога ќе успееме ние да ja видиме бројката на македонските комунистички крвници, кои во соработка со своите jуrocловенски пријатели беснееја по 1945 година. Можеби оваа бројка најдобро ке илустрира и ке не доближи до минамалната дефиниција што можеме да ja изведеме и да го наречеме некого крвник на македонскиот народ.
Сѐ додека македонската историографија не почне да работи со документирани податоци и конкретни имиња, посебно за првиот од овие примери и последниот, jac ке останам со лично у6едување дека ако се соберат сите жртви на Александров и на Михајлов, барем за десетпати се помалку од оние жртви и од оние крвништва што и ги остави во наследство другарот Тито со неговите соработници Лазо, Крсте, Вера, Киро, Борко, и да не ги редам понатаму. Толку за крвниците на македонскиот народ. А националното помирување во кoja било држава е токму тоа, кога имало крвници на едната страна, кога имало крвници на другата страна и кога тие се ставаат на едно место, ако се бореле со свои идеи за кои загинале.
За реперите на Катарџиев
[уреди]Како прв репер што го посочува господинот Катарџиев, за да ги помириме национално нашите историски личности, го посочува моментот на борбата за самостојна и независна Македонија. И тука дилемата веднаш ја расчистуваме. Сите ние знаеме дека сите овие борци што раководеа со Македонија во минатите 45 години, а некои останаа и ден-денес да раководат, зборуваа и повторуваа само едно исто, дека тие се бореле за Македонија во рамките на Jyгославија, дека за Македонија нема друга алтернатива освен Jyrocлавиja и, би рекол слободно, до ден-денес не можат да се откажат од идејата за Jyrocлавиja. Наспроти нив, и најмалку упатениот граганин на Македонија во минатите 45 години многу добро знаеше дека во истото време олицетворение на борбата за самостоjнa Македонија беше токму борбата од Тодор Александров и Ванчо Михајлов, само што таа идеја за самостојна Македонија беше најкритикуваната и за неа, како што се сеќаваме, се одеше во затвор.
Кога сме кaj програмите, можеме да ги листаме документите и програмските определби на ВМРО во времето на Александров и Миxaјлов и во тие документи не можеме да наjдеме ништо друго освен секаде истата цел: самостоjнa и обединета Македонија. Сето друго е само обична памфлетска историја од кoja не сакаат да мрднат нашите историчари. Мегутоа, кога зборуваме за програмите и документите од кога е формирана КПМ во составот на КПJ, таму, за наша жал, не можеме да видиме никаде заложба за самостојна Македонија, напротив, секаде многу jacно и децидно е декларирано останувањето на Македонија во рамките на Jугославија. Коj е сега врховист? Впрочем, кoja е таа толку голема разлика ако нeкoj бил бугарски офицер, а друг бил jyrocловенски офицер, зар не е крајно време да ги ставиме на исто место jyrocловенскитe врховисти, кои денеc ja држат Македонија, со бугарските врховисти од пред сто години. До кога во Македонија ќе пронаогаме само бугарски платеници, а српските платеници ќе владеат со Македонија. Зар не е крајно време навистина да ги извлечеме историските поуки од македонската трагична историја и, конечно, кога сме на нивото на програмите за самостојна Македонија, првиот репер на господинот Катарџиев пocтojaно се споменува нeкoja изjaвa на Александров по Првата светска војна дека Македонија треба да остане во рамките на Бугарија. Зар не е тоа исто со изјавата на господинот Глигоров, Црвенковски и Андов, кои во 1990-91, па дури и 1992 година, nocтojaно зборуваа дека Македонија треба да остане без алтернатива во рамките на Jyrocлавиja и од сѐ срце се бореа за таа идеја. Зошто на овие тpojцaтa можеме да им простиме дека биле тогаш во заблуда, а денес се први борци за самостојноста и интегритетот на Македонија. Значи, им го признаваме правото на промената на идеите, а на Александров тоа не можеме да му го простиме, дотолку повеке што целата негова активност и заложба по 1918 година е фрлена само на една карта, а тоа е самостојна и обединета Македонија.
За вториот репер на господинот Катарџиев
[уреди]Нема простување, како што вели господинот Катарџиев, со оние кои зборувале за македонски Бугари и автоматски со тоа не ja признавале македонската назија, при што се посочуваат веднаш Александров и Михајлов. Hajвepojaтно ваквото дезинформирање на jaвностa, при што никoj не смее да каже нешто спротивно, е наjдобap доказ за тоталитарната држава во кoja живееше македонскиот народ, македонскиот граѓанин, или нajпoвeкe интелектуалец во Титова Jугocлавиja. Па затоа овoj пaт ќе поставам многу дрско и отворено прашање до Македонска академија на науките и уметностите, до Институтот за национална историја и до сите професори по историја излезени од Скопскиот универзитет, а сигурно тука можам да ги додадам и љубопитните новинари кои гладам дека многу сакаат да се занимаваат со таа тема: "Дами и господа, најдете ми, покажете ми било каков документ, било какво ливче хартија, било какво писмо, било каква новинарска полемика, нешто-било што, меѓу првиот претседател на централистите Татарчев и првиот претседател на врховистите Китинчев или, пак, меѓу Делчев и Сарафов или, пак, подоцна мегу Александров и Влахов каде што тие искажуват различни ставови по прашањето на македонската нација, македонскиот јазик, Македонската Православна Црква или писмото што треба да се употребува во Македонија"?
Колку и да се трудите да барате, господа, ве уверувам дека таква работа нема да можете да најдете, од едноставни причини што нема, од едноставни причини што и централистите и врховистите по прашањето на македонската нација, македонскиот jaзик или останатите отворени прашања имале потполно идентични ставови. Ве молам, престанете да го труете македонскиот народ со една историска фатаморгана кoja само вие ја гледате педесетина години дека централисти биле оние кои што зборувале за македонски Бугари.
Се надевам кога кoj било од вас наредниот пат ке се jaви да полемизира со мене, прво ке ми го посочи тоа ливче xapтијa што го барам од вас, а дури потоа ке ми ги залепи сите останати етикети од типот на врховист, бугарофил, ванчовист и сето останато што го имате добро научено во вашата практика на државни интелектуалци. Впрочем, ако сакате да полемизирате по ова прашање, не би било лошо да ми дадете и еден друг одговор, односно ако Александров и Михајлов зборувале за македонски Бугари, тогаш ви поставувам уште едно отворено прашање, за што зборувала ВМРО-Обединета. Впрочем, ако добро ме служат очите, при читањето на нивните документи, програмски декларации, книги или списанија издадени од нив, морам да ви признаам дека и ВМРО-Обединета сегде зборува за македонски Бугари. Во сите нејзини основни програмски декларации, во сите нејзини списаниja што ги издавала, а впрочем и сите неjзини лидери се декларирале како македонски Бугари како што е Димитар Влахов, Методиј Шаторов-Шарло, Павел Шатев, Владимир Поп Томов. Значи ли тоа дека треба да се откажеме од нив во македонската историјa, па дури тогаш да го направиме пребpojyвањето кoj со кого ќе се помирува и ќе остане ли нeкoj со кого ќе можеме да се помириме.
За третиот репер на господинот Катарџиев
[уреди]Признавањето и прифаќањето на Македонската Православна Црква е третиот услов што го поставува господинот Катарџиев, при што, нajвepojaтно поага од одредени актуелни состоjби кои, сакале ние или не, се однесуваат на минатото. Актуелните cocтоjби нajвepojaтно комуницираат со Македонската патриотска организација /МПО/ кoja во македонската диаспора има изградено околу триесетина цркви во кои се собирале и се собираат македонските емигранти од постарите генерации. Значи им даваме официjален одговор дека тие бегалци не можат ниту да сонуваат дека нивната самостојна македонска држава било кога ќе ги прифати и ќе разговара за национално помирување и нивно прибирање под чадорот на Македонија. Доста тврд став кoj многу убаво кореспондира со ставовите на актуелната власт и сѐ ќе е убаво само ако ги подзатвориме очите и не сакаме да се соочиме со некои вистини од минатото кои, за жал, жестоко не притискаат. Македонскиот народ во cвojaтa долга историја имал право само двапати на слободно референдумско изjaнување: во 1991 година, кога гласавме за самостojнa Македонија и 1871 година кога со ферман на Султанот е распишан исто така слободен референдум и кога македонскиот народ во повеке од двотретинско мнозинство ја прифати бугарската егзархија како свoja. Што ќе правиме со тoj народ? И него ли ќе го избришеме од македонската историја и ќе извикаме - нема национално помирување! Зошто се срамиме и бегаме од фактот дека сѐ она што е позитивна македонска револуционерна традиција произлегува токму од егзархискиот дел на македонскиот народ!
Нема да кажам некoja нова вистина ако го спомнам фактот дека и Гоце Делчев и Даме Груев и Ѓорче Петров и Пере Тошев и треба ли сите да ги редам и да ги бpojaм, дека биле учители на бугарската егзархија во Македонија, земале плата од неа и нормално ја спроведувале нејзината воспитно-образовна програма. Не е тajна ако кажам дека комплетниот 6poj на илинденци и целиот состав на револуционерната организација бил регрутиран само од егзархискиот дел на македонскиот народ. Впрочем, некои македонски историчари го признаваат тој факт дека една од најголемите грешки на историското ВМРО, Гоцевото ВМРО, била во фактот што се потпирала само на егзархискиот дел од народот, а не се потпрела и на оние што биле под српската патријapшиjа или, пак, грчката. Но и за тоа прашаиње, несвесно или по инерција, веќе имаме изградено свoj став па знаеме кои биле четите на Бабунски или, пак, оние Македонци кои оделе кај грчките андарти.
За четвртиот репер на господинот Катарџиев
[уреди]Покpaj од Катарџиев, дека Александров и Михајлов не го признавале македонскиот јaзик и неговото писмо, дознав и од еден од поголемите есеисти во Македонија, господинот Коле Мангов кoj ни кажа дека овие личности биле жестоки противници на македонскиот јазик. Морам да признаам дека, иако се сметам за добар познавач на македонската историја, сѐ уште не сум нашол документ каде што Александров жестоко се бори против македонскиот jaзик, додека кај Mихаjлов тоа постои, меѓутоа дури после 1945 година.
Но, зарем веке не констатиравме дека парадоксот и лагата форсирани од позиција на камшик или дезинформацијата, беа едни од најголемите аргумента на времето што помина. Па ќе се обидам накратко, а ако некој господа сакаат и на подолго, во нeкoj од наредните броеви да ja разобличам и оваа историска фатаморгана кoja изгледа приближно вака: врховистите биле за бугарски jaзик, а централистите за македонски jaзик.
Без сомнение историските документа ни зборуваат дека ни едните ни другите, ако револуционери, не посветувале посебно внимание по ова прашање. Едноставно го прифатиле онoj став што бил останат од македонските преродбеници, така што, ако треба да ja бараме вината што некој од нив зборуввал на "бугарски јазик" или пишувал на "бугарско писмо", вината без сомнение треба дa ja бараат токму кaj македонските преродбеници за кои ние досега немаме никаква забелешка и сме ги прифатиле сите за светли и големи личности на македонската историја. А кога ќе дојдеме до нив нормално читали ги без фусноти и без дополнителни коментари само краткото фрлање или читање на нивните големи дела ќе ни открие повторно за нас една многу тажна вистина. Имено дека и Партение Зографски и Кирил Пејиновиќ и Теодосије Синаитски и Браќата Миладинови и Глигор Прличев и Кузман Шапкарев и Марко Цепенков /и уште колку ли други!?/, секаде каде што пишувале за свojoт мaјчин јазик или, пак, за реформите на тој јазик, секаде зборуваат како за бугарски јaзик. Значи пак доагаме до Михајлов и Александров. Зошто ги обвинуваме и етикетираме за нешто за што воопшто не се виновни и за што виновниците треба да почнеме што поскоро да ги бараме на друго место. Зарем не е срам за македонската историја на големите наши преродбеници браќата Миладинови секаде да се декларираат като Бугари и да зборуваат за мајчиниот јазик како бугарски, а ние сме ги прифатиле за наши преродбеници. Зарем не треба час поскоро деканот на Филолошкиот факултет да поведе постановка за бришење на нивните имиња од нашата книжевна и писмена традиција. Кога би бил на неговото место, со таа политичка сила што јa поседува и со тoj развиен ум, јac навистина тоа би го направил тоа час поскоро.
Завршна анализа од реперската политика на господинот Катарџиев
[уреди]Ќе се обидам да ги применам реперите на господинот Катарџиев за национално помирување на најголемиот и без сомнение најдокажаниот син на македонската револуционерна ослободителна борба Гоце Делчев. Како прво, политичката програма за самостојна Македонија, Гоце Делчев нe ja исполнува од едноставна причина што крајниот негов политички дострел бил автономија на Македонија. Идејата за самостојнa македонска држава и нејзината прокламација во рамките на историското BMPO, ce jaвyва дури со Тодор Александров, а се зацврстува со Ванчо Михајлов. Но, да одиме со другите репери: македонски jaзик, македонско писмо, македонска нација и македонска црква. Само спомнувајќи факти од неговата биографија: целото свое школување родителите на Гоце го доверуваат на бугарската егзархија. Откако го завршува основното училиште татко му го праќа во бугарска солунска машка гимназија, а потоа заминува за Бугарија за да стане бугарски воен старешина. Школувањето го прекинува и се враќа во Македонија како бугарски егзархиски учител каде мегу другото на децата им предавал како мајчин /бугарски/ јазик. Се зачленува во 1893 или 1984 година во една организација којa се вика Бугарски Македоно-Одрински Револуционерни Комитети и за кратко време станува еден од нејзините врвни раководители. Избран е за задграничен претставник во Софија каде што редовно кога е таму, замислете - присуствувал на седниците на врховниот комитет и активно учествувал во донесувањето на многу одлуки, а мора да се каже дека имал и големи пријатели во Врховниот комитет како што е на пример, Борис Сарафов на кого заедно со Ѓорче Петров му организирале да стане претседател на Врховниот комитет.
Значи сите репери се прекршувваат на најголемиот син на македонскиот народ Гоце Делчев и нajвepojaтно со вакви биографски карактеристики да беше жив 1945 година, кога србокомунистите го направија државниот удар за останување на Македонија во Југославија. Делчев ќе беше еден од првите кои ќе завршеше во познатото Идризово.
Можеме ли да извлечеме воопшто некакви поуки
[уреди]Жестоката офанзива што повторно се води против ВМРО-ДПМНЕ со цел да се сврти вниманието на народот од економската беда, од комплетната културна асимилација, а со тоа нормално оди и политичката кoja во овoj момент се врши од северот во Македонија, како и од жестокиот грабеж кoj од македонскиот човек создава нов трагикомичен лик во сопствената земја, ме натера да одговорам толку дрско за македонски услови и да проговорам за некои вистини и лаги со кои мораме да се соочиме што поскоро, ако сакаме да одиме напред. Инаку, сме осудени на уште поголемо пропаѓање во живиот песок во кој сега се наоѓаме до гуша. Секое вртење или скокање во тоj жив песок само уште повеке не тера да одиме подлабоко во него. Како изгледа тoj жив песок ќе илустрирам со уште еден пример. Неодамна во Софија, по американска инициатива, се одржа годишнина од издавањето на книгата на Карнеги - дондајата за двете балкански војни на кoja учествуваа историчари, научници и политичари од цел свет под раководство на Бжежински. Државните интелектуалци оваа конференција насловија како нов заговор против Македонија. А што всушност претставува таа книга, напишана од десетина врвни историчари и политичари од неколку европски држави и Америка 1914 година, непосредно по двете балкански војни, а спонзорирани од Америка? Книгата не претставува ништо друго освен документ верификуван од меѓународна комисија за сите злосторства врз македонскиот народ во балканските војни. На дланка ja гледаме поделбата и раскинувањето на етничка Македонија. Го гледаме однесувањето на грчките, српските и бугарските вojcки. Го гледаме геноцидот врз македонскиот човек. Впрочем, го имаме најголемиот документ кoj треба само да го препечатиме и бесплатно да го поделиме во ceкoja европска држава или секoj политичар кoj нешто ни значи. Да стоиме цврсто и да кажеме зошто сме во право. Но, живиот песок во кoj се повеќе пропаѓаме не тера тoj документ да го запалиме, да го напаѓаме и јaвно да се откажеме од него, а со тоа го палиме и единствениот мегународно верификуван документ за балканските вojни и нашата поделба. Зошто? Повторно прашање од мoja страна. Зошто бегаме од она со што можеме да се бориме? За жал, повторно тука има некои болни за вас невистини. Меѓународната комисија во целиот тој документ во цела Македонија зборува за македонски Бугари. Единствена среќна околност за александровистите и за Mиxajловистите очевидно е во фактот што ни едниот ни другиот во таа 1914 година не бил во високата политика, инаку сигурно сега ќе ги обвиневме дека ги потплатиле меѓународните посматрачи.
На кpajoт, зборувајќи за националното помирување, ќе го потенцирам уште еднаш ставот дека националното помирување на Македонија меѓу живите и мртвите е повеќе од потребно. За да можеме што поскоро да се свртиме кон иднината националното помирување во било кoja држава се прави токму од причини што некoj се борел против некого и затоа што паѓала крв и на едната и на другата страна. Тоа е суштината на националното помирување. Ако го немале крвопролевањето немало ни да има потреба од национално помирување, а впрочем ако сакаме да ja зацврстиме идејата за самостojнa Македонија, македонскиот јазик, македонската нација или македонската црква, токму тоа ќе го направиме ако ja имаме храброста да се соочиме со некои недвосмислени историски вистини без да бараме виновници во двајца или во тpojцa личности за да можеме да направиме лажно алиби, а впрочем на тoj начин самите ќе си помогнеме да излеземе од ќор-сокакот во кoj се наогаме сега.