Кога си тргнав в туѓина

Од Wikibooks
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кога си тргнав в туѓина,
Дафино либе, Дафино.
Крај твоите порти поминав-
Мој галабе-и солзи проронав.
Откажуваш либе, откажуваш,
Од прва верна си љубов,
Думите да си ги приспомниш-
Мој галабе-назад да се вратиш.
Вашиот чаир да пламни,
И ваш'та куќа да изгори,
И твојто ангелско лице-
Мој галабе-во мои раце да падне.

Надворешна врска[уреди]

Музика