Кога војници тргнавме
Изглед
Кога војници тргнавме е македонска народна песна.
Текст на песната
[уреди]- Кога војници тргнавме
- за таа пуста планина
- оставивме мајки, татковци
- жени со машки дечиња.
- Рефрен:
- Леле војната мамо, војната
- војната тригодишната
- мамо војната
- војната тригодишната.
- Марике, дилбер Марике
- тебе ми те жална оставам
- тебе ми те жална оставам
- жална од осум месеци.
- Рефрен
- Марике либе, Марике
- ако ти е машка рожбата
- ако ти е машка рожбата
- на мојто име да крстиш
- војната е силна, ужасна
- може јас млад да загинам.
- Леле војувам мамо, војувам
- војувам не ќе се вратам
- мамо војувам
- не ќе се вратам.