Прејди на содржината

Каљо, Калино девојче

Од Wikibooks

Каљо, Калино девојче е македонска народна песна.

Текст на песната

[уреди]
Каљо, Калино девојче
виши, виши црни очи
виши, виши црни очи
на високо, на широко. [2х]
Кај што турци кафе пијат
арнаути баш ракија
арнаути баш ракија
а ергени рујно вино. [2х]
Само едно лудо младо
ниту јаде, ниту пие
само Каља погледнува
со око и' намигнува. [2х]
Ајде Каљо да бегаме
в наше село, арно село
од три страни сонце грее
од четврта месечина
два пати се жетва жнее
три пати се лозје бере.

Надворешни врски

[уреди]

Блог за македонски народни песни