Кажи Јано, кажи душо

Од Wikibooks
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кажи Јано, кажи душо,
Која вечер јас да дојдам?
Кажи Јано, кажи душо,
Која вечер, џанам, јас да дојдам?
Кога сакаш, тогаш дојди,
Со мнозина не доваѓај!
Кога сакаш, тогаш дојди,
Со мнозина не доваѓај!
Да го земиш тој Ѓорѓија,
Тој Ѓорѓија-офардата.
Да го земиш тој Ѓорѓија,
Тој Ѓорѓија, џанам-офардата.
Тој ме знае, кај што седам,
В одајчето варосано.
Тој ме знае, кај што седам,
В одајчето варосано.
В одајчето варосано,
Варосано, кадросано.
В одајчето варосано,
Варосано, џанам, кадросано.
Одајчето ми е мало,
Тоа збира само двајца.
Одајчето ми е мало,
Тоа збира, џанам, само двајца.

Надворешна врска[уреди]

Музика