Каде си тргнала Кито
Изглед
- Каде си тргнала Кито,
- Боса на жетва.
- Кито ле, први мераку,
- Кито ле, прва изгоро.
- Дејгиди деј, први мераку,
- Дејгиди деј, прва изгоро.
- Боса на жетва Кито,
- Дете на раце.
- Кито ле, први мераку,
- Кито ле, прва изгоро.
- Дејгиди деј, први мераку,
- Дејгиди деј, прва изгоро.
- Со срп на рамо Кито,
- Дете на раце.
- Кито ле, први мераку,
- Кито ле, прва изгоро.
- Дејгиди деј, први мераку,
- Дејгиди деј, прва изгоро.
- Остави си српот Кито,
- Дојди при мене.
- Кито ле, први мераку,
- Кито ле, прва изгоро.
- Дејгиди деј, први мераку,
- Дејгиди деј, прва изгоро.