Каде се чуло видело
Изглед
Каде се чуло видело е македонска народна песна.
Текст на песната
[уреди]- Каде се чуло видело
- владика турчин да стане
- јамди aман
- за едно лице набелено.:)
- За едно лице набелено
- и едни нокти к'носани
- за едно лице набелено, јамди аман
- и едни нокти к'носани.
- Сите ми одат чаршија
- владика оди на бербер
- владика оди на бербер, јамди аман
- брадата да му избричат.
- Кога му брада бричеа
- деведесет оџи гледаа
- деведесет оџи гледаа, јамди аман
- сто и педесет кандила светеа.
- Сите ми одат на црква
- владика оди в џамија
- владика оди в џамија, јамди аман
- да си ја мени верата.
- Кога му вера менуваа
- сто и педесет оџи пееа
- сто и педесет оџи пееа, јамди аман
- деведесет кандила гореа.
- Убаво име му дадоа
- Асан делија потурчен
- Асан делија потурчен, јамди аман
- што си ја мени верата.