Прејди на содржината

И таму е мојата родина

Од Wikibooks

И таму е мојата родина е македонска народна песна.

Текст на песната

[уреди]

(Песна за Христо Узунов)

И таму е мојата родина
далеку Македонија
јас сакам таму да загинам
а ти ме заборави за век.
И таму е мојта мајка
и таму има божји свет
јас сакам таму да загинам
а ти ме заборави за век.
Не плачи мила мајко
не рони солзи крвави
ако Христо Узунов падна
на врагот жив не се даде.
Сестрите нема да ми идат
на мојот гроб осамотен
и мајка нема да ми идат
да леит солзи за мене.
Не жали мила моја родино
и сите Ви другари мој
ако Христо Узунов падна
на врагот жив не се даде.

Надворешни врски

[уреди]

Блог за македонски народни песни