Итар Пејо и селаните риболовци

Од Wikibooks
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Тргнале еден ден неколку селани мариовци да одат на Црна да ловат риби. Ловеле што ловеле, си кинисале да си одат дома. И таман на неколку чекори реката привикал: -Море селани, ние ловевме риби се буткавме по површината на водата, но којзнае дали не се удави некој од нас. Не правиме лошо да се преброиме. Го одобриле сите предлогот и застанале, а предлагачот почнал да брои. Еден, два, три ,четири… дотерал до осум. Ами чаре, - извикал тој. -Ние тргнавме девет, а се враќаме осуммина. Значи еден од нас се удавил! -Констатирал бројачот. Почнале сите да бројат -осум па осум . Ниеден од нив сам не се броел и си тргнале кон селото и си заплакале. Еден се удавил денеска во Црна, ама кој е и самите не знаат. Оделе што пооделе ги сретнал пејо и ги видел уплакани и ги прашал: -Што така сте уплакани, бре кршоборци? Овие му раскажале дека еден се удавил денеска но не знаат кој е.Пејо ги прашал колкумина тргнале и веднаш ја разбрал работата, но решил да ги насамари за нивната глупост: -Лесно ќе провериме, џанам. Ајде легнете овде на песокот и забодете ги носовите во него. Колку дупки ќе направите толку мина сте живи. Легнале селаните, ги забоделе носовите во жешкиот песок и направиле по една дупка. Кога станале почнал Пејо да ги брои - излегле девет ! Се израдувале селаните оти никој не се удавил и му дале на Пеја од рибите да му ја платат мудрата постапка оти се нема удавено ниеден од нив.