Инструкции до околиските управници за пописот
Горна Џумаја. 24 декември 1946 година.
Горноџумајска обласна дирекција
Број 3628/24.XII.1946година, гр.Горна Џумаја
ДО ОКОЛИСКИТЕ УПРАВНИЦИ И ОПШТИНСКИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ВО ОБЛАСТТА
Во наредбата за организирање и спроведување првите операции по попишувањето во пункт 14, параграф 38 се зборува за подготовката на населението за пописот.
Една од големите опасности за правилното спроведување на пописот е необразоваността и стравот, дека статистичките податоци можат да се искористат за лични, даночни, реквизациски или други некои оптоварувања положбата на населението.
Обраќајќи ви внимание за големото стопанско и културно значење на пописот како големо народно дело во нашата нова народна република, што ги зафаќа достоинството и угледот на нашата народна власт, ве повикувам да објасните најшироко на населението, дека во негов сопствен интерес е да даде најточни податоци на пописот.
А поради тоа што населението во Горноџумајска област има претежно македонско потекло, објаснете на населението, дека оно денес во ОФ Бугарија располага со апсолута слобода да ја посочи својата народност, своето потекло слободно, нормално, така, како секој го чувствува во своето срце како верно чедо на својата родина.
Се разбира, ќе обрнете внимание и на попишувачите, дека тие немаат право во никој случеј да го спречуваат населението при изразување на својата национална припадност како македонска.
Областен директор: (п) Не се чита.
Секретар: (п) Не се чита.